Реклама
Uncategorized

Запознајте ја Линда, кучето скитник од Турција што ја откри тајната на бесплатното бањање

Реклама

Едно многу умно куче од турската провинција Измир ја откри тајната на бесплатното капење.

Германскиот овчар, Линда, неколку пати неделно посетува една перална за автомобили, пишува весникот Хуријет Дејли Њуз.

Маркетинг

Снимки од необичната навика на Линда се појавија на социјалните мрежи и брзо се рашири и низ медиумите во Турција, така што ова куче поради неговата чудна пасија сега е ѕвезда број еден во светот.

Снимката покажува како Линда чека да помине едно комбе прекриено со сапуница што поминува низ четки за перење. Линда точно знае кога е нејзиниот ред, и таа убаво ќе се намести, така што четките добро ќе го исчистат нејзиниот грб. Кога четка ќе се спушти на грбот на Линда таа му се препушта на уживањето и, потоа, од пералната излегува сета радосна, пренесува „PetFace“.

Маркетинг

Гледајќи го видеото, луѓето од различни делови на Турција ја изразија својата загриженост за кучето, бидејќи кучињата скитници се еден од актуелните проблеми во Турција.

https://twitter.com/ClintFalin/status/1064004099857948674

Прстенот на нејзиното уво значи дека е напуштена, а нејзиниот поранешен сопственик најверојатно е некој од локалното население.

Линда е позната во нејзиното соседство и пошироко, и луѓето често доаѓаат да го видат нејзиното „ритуално” бањање, па можеби некој од нив и ќе ја посвои.

Поврзано

Back to top button