Запознајте ја Златокоса од Украина не ја скратила косата веќе 30 години, има должина од 180 сантиметри(ФОТО)
Алена од Украина сите ја викаат Златокоса заради нејзината прекрасна долга и густа коса.
За да имате долга и здрава коса, потребни ви се два работи: трпеливост за да дозволите вашата коса да расте и добра генетика.
Една од оние среќници што ги има овие фактори е Алена Кравченко (34) од Одеса. Откако нејзината долга коса од 180 сантиметри стана планетарна популарна, таа беше наречена „Златокоса“.
Алена последен пат ја скратила косата кога имала 5 години, а нејзината мајка ја поддржуваше со желба да има долга коса. Самата девојка изјавува дека нејзината мајка и ја пренела својата љубов кон долга коса. 30 години оваа девојка не видела фризер ни ножици, и покрај фактот дека нејзината коса е подолга од 180 сантиметри, таа не размислува за промена на фризурата.
„Mногу сака плетенките никогаш не размислував да ја исечам косата. Не можам ни да си замислам со кратка коса или друга боја“, вели оваа девојка. Не ми е тешко да ја одржувам косата. Тоа ме прави среќна, бидејќи мојата коса е дел од мене, мојата убавина и богатство”, рече Алена.