LIFESTYLEВирално

Запознајте го најсреќниот човек во светот!

Advertisement

Човек намерно се фрлил во Водопадите на Нијагара, од 50 метри височина.

Полицијата во округот Нијагарини водопади примила повик во 4 часот утрото по дојава дека човек се бори со водите на водопадите. Кога полицајците пристигнале на местото, мажот се качувал на заштитната ограда и потоа влегол во водопадот.

Advertisement

По потрагата во подножјето на водопадите, го пронашле како седи на карпа само полесно повреден. Префрлен е во болница.Мажот се фрлил од канадската страна на Нијагара, на границата со Соединетите држави и преживеал пад од околу 57 метри височина. Полицијата сѐ уште не го откри неговиот идентитет.

Ова е само вториот човек кој го преживеал скокот на ова место, по еден Американец кој се обидел да се убие во 2003 година, објави телевизиската мрежа CBC News.Весникот Buffalo News пишува дека Нијагара отсекогаш привлекувала налудничаво храбри луѓе кои се надеваат дека ќе го додадат своето име на листата на преживеаните. Според локалните процени бројот на смртните случаи во ваквите обиди или самоубиствата се движи околу илјада, а годишно се регистрираат околу 25 вакви скокови.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button