Реклама
Home Sweet Home

Замија – растение кое успева дури и кај најголемите антиталенти, а во домот носи среќа и пари

Реклама

Замија според фенг шуи во домот носи среќа и пари, а во канцеларијата – брз и голем успех во вашата кариера

Ова растение поставено во саксија на просторот му обезбедува дополнителна живост и убавина. Но, додека некои луѓе имаат магични прсти кога станува збор за грижата за зеленилото, други имаат чувство дека е доволно да го погледнат своето растение и тоа веднаш да овене.

Маркетинг

Но токму замијата е растение со кое нема да се грижите. Според древната кинеско учење фенг шуи, оваа билка носи среќа и пари во домот, а нејзината голема предност е фактот што за неа можете многу лесно да се грижите.

Маркетинг

Ова зимзелено растение потекнува од Африка, и поради својот интересен изглед и лесно одржување, многу е популарно во украсувањето на домот. Расте до висина од еден метар и има повеќе делови во облик на стебла на кои се парови зелени листови кои се сјајни, мазни и цврсти.

Поради својот интересен изглед и лесно одржување, замијата е многу популарна во домовите, но и во канцелариите.

Да се налева еднаш месечно

Па доколку имате вакво растение дома, треба само да бидете внимателни да не биде изложено на директна сончева светлина и температурата да не се спушта под 15 Целзиусови степени. Оптималната температура за ова растение е од 18 до 24 степени. Треба да се наводнува еднаш месечно па дури и поретко. Само не претерувајте со водата, затоа што доколку ставате премногу вода коренот може да почне да скапува, а листовите да почнат да пожолтуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button