Зажали што влезе во маркет без маска: Цел маркет почна да вика по жената која не носеше заштита (ВИДЕО)

Снимката направена во маркет која за кратко време стана вирална, предизвика лавина коментари
Купувачи во маркет во Њујорк нападна жена која купувала без заштитна маска. Тие ѝ викале се додека не ја завртела својата количка за купување и не си заминала во спротивна насока.
„Еве што се случува на Стејтен Ајленд доколку не носите маска во маркет“, напиша жена покрај видеото кое го снимила нејзина пријателка при купување, а на кое се гледа како толпа луѓе ја напаѓа вербално жената која е без маска и ѝ покажуваат да си оди. Покрај тоа ја сосипаа со грди и навредливи зборови и пцости.
Жената која го објави видеото напомена дека сфаќа што луѓето се загрижени, но и дека нема причина да се однесуваат така… посебно како момчето кое вика и ја нарекува жената „свиња“.
https://www.facebook.com/cquadrello/videos/10163561442140565/