Ќерката на Заев, Александра Заева, за помалку од еден час собра преку 1000 лајкови на Инстаграм
Александра Заева повторно ги воодушеви сите со својот моден избор. Овој пат во прашање се тесни бели фармерки кои важат за голем хит ова лето, а Заева во нив изгледа феноменално. Таа ги носеше со кроп-топ блуска со ¾ ракави и бела чанта со интересен дезен, а целото издание го заокружи со нејзината убава, пуштена коса и суптилна шминка.
Инаку, ова лето белите фармерки се еден од водечките трендови кога се во прашање моделите од џинс. Можете да ги носите како со елегантни парчиња како што се на пример свилени блузи, кошули и блејзери, така и со спортски – едноставни памучни маици и патики и повторно да изгледате неверојатно шик.
Тоа многу добро го знаат и познатите ѕвезди, како Ева Лонгорија или Меланија Трамп, па неретко изминативе месеци можевме да ги видиме како го „фураат“ овој тренд.
Што велите за ова шик издание на Заева?
Погледнете уште неколку модни изданија кои можат да ве инспирираат како да го носите овој тренд >>