Свети апостол Тома е познат меѓу народот по неговото неверување, но на малку луѓе им е јасно дека се работи за сомнеж во воскреснатиот Христос како Спасител.
Во личноста на неверниот Тома го видоа симболот на сомнежот во Христовото воскресение, зашто секое неверување на секој еден човек во крајна линија е неверување во Христовото подигање од мртвите.
Она што му е уште помалку познато на нашиот народ е дека неверувањето на истиот Тома, Господ го искористи за да се потврди пред целиот свет реалноста на Неговото воскресение.
Да се потсетиме дека апостол Тома ги стави прстите во Христовите рани и ја опипа реалноста на живото тело, истото тело кое претходно умре на крстот. Подоцна, кога апостолите се распрснаа по целиот свет да го проповедаат Евангелието, на свети Тома му падна да отиде во Индија. Таму пострада маченички и со тоа уште еднаш, и сега најасно, ја посведочи својата вера во воскреснатиот Спасител.
Тома важел за вреден па затоа се смета за заштитник на многу занаетчии. Како еснафска слава, Свети Тома го слават столари, копери, пожарникари, sидари.
Се верува дека Свети Тома, ако се налути, може еден ден да донесе уште еден потоп, но како што Пресвета Марија го надгледува, тоа нема да биде наскоро.
Свети Тома бил вешт столар, затоа никогаш не делел дрво на трупец, туку на камен. Откако ѓаволот ќе дојде во форма на убава и буцкава девојка, па тој почнува да го искушува. Свети Тома се загледа во неа, го удри каменот со сечилото и ја затапи секирата. Светителот многу се налути, предизвика силен дожд и веднаш го удави ѓаволот во кафеаната.
Во некои области се верува дека празникот штити од волци. Некаде, пак, се верува дека скапоцена е лековитата маст од зајак фатен на Томинден, па затоа се чувала за да се излечи болка во коски и полесно породување.
Во народното паметење останал како неверен Тома
„Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“, му рекол Исус на апостолот Тома.
Светиот апостол Тома е еден од дванаесетте славни Исусови апостоли. Тома на еврејски јазик значи близнак, но апостолот Тома најчесто е познат како Неверен Тома.
Роден е во Панеида, мало гратче во Галилеја. Бил верен следбеник на Исусовото учење, и присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот.
Кога Исус, по воскреснувањето, им се јавил на неговите ученици меѓу нив не бил Тома. А кога тие му кажале дека го виделе Спасителот, Томо не верувал и оттука е наречен Неверен Томо. „Тома еден од дванаесетте наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа“. А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата негови, нема да поверувам“. А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!“ Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои и не биди неверлив, но верлив“. Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јован 20/25-29)
Кога по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, овие се растуриле по светот за да го шират Исусовото учење, Тома отишол во Индија. Се претставувал како мајстор-ѕидар, а го проповедал христијанството. Таму бил и кога умрела Богородица и на таинствен начин пристигнал три дена по погребот. Многу жалел поради тоа и побарал од апостолите да го отворат гробот и да ја види Божјата мајка. Но кога му ја исполниле желбата и кога го отвориле ковчегот телото на Богородица не било тука. Таа воскреснала и отишла кај својот син. Потоа Томо повторно се вратил во Индија каде што придобил многу неверници кон христијанската вера. Откако ги придобил и жената и синот на царот Миздија овој наредил да го убијат. Војниците го избодиле со копја надвор од градот, а неговите приврзаници го погребале како што му прилега.
Нашиот народ го смета за лесен празник, но за тие што празнуваат именден се смета за тежок празник и тие не треба да работат.