Реклама
Вирално

Загрижувачки податоци на руските експерти: Пациенти со оваа дијагноза развиваат најтешка форма на ковид-19

Реклама

Водечкиот руски кардиолог Сергеј Бојдов наведува дека околу 40 отсто од возрасното население боледува од хипертензија, а дека можноста за појава на висок крвен притисок се зголемува со годините.

Како што едно лице старее, ќе има сериозна форма на ковид-19, посебно ако боледува од хипертензија, истакнува рускиот кардиолог и напоменува дека хипертензијата е фактор кој, независно од годините, го комплицира текот на болеста.

Маркетинг

Во Русија од почетокот на пандемијата се потврдени 1.109.595 случаи на зараза од коронавирус, од кои 911.973 пациенти оздравеле додека битката со болеста ја загубиле 19.489 лица.

Од друга страна, американските научници со генетска анализа на пациенти заболени од ковид-19, извршена со помош на суперкомпјутер „Самит“ забележале брадикинин, природна хемиска состојка која го регулира крвниот притисок, која би можела да објасни многу од аспектите на ковид-19 и одредени симптоми од болеста.

Маркетинг

Компјутерот, кој се наоѓа во Националната лабораторија во Оук Риџ во САД, анализирал 40.000 гени од 17.000 примероци, објаснува експертот за вештачка интелигенција Томас Смит.

Резултатите од анализата помагаат да се разбере зошто САРС-КоВ-2 кај одредени пациенти предизвикува васкуларни проблеми, како што се мозочен удар и воспаленија на кожата или прстите на стапалата, но и навестува какви нови терапии доаѓаат во предвид за лекување на најтешките симптоми.

Поради васкуларните симптоми лекарите на првата борбена линија со вирусот набрзо сфатиле дека давањето кислород и интубација кај многу тешко заболените пациенти не носи секогаш сакани резултати. Малку – помалку сфатиле дека кај најтешките случаи сmртта настапила како последица на цитокинска бура, претерана реакција на имунолошкиот систем која ги уништува виталните органи.

Кога крвниот притисок не е под контрола и крвните садови ќе станат пропустливи, организмот „отворил врата“ за нарушувања во целото тело. Пациентите погодени од брадикининска бура „се дават“, зошто алвеолите им се прекриени со желатинска супстанција.

Многу здравствени експерти споменуваат оштетни крвни садови од респираторните систем и другите органи кај заболентие, а ова може да објасни зошто давањето кислород или поврзувањето на респиратор кај некои останало без ефекти.

Поврзано

Back to top button