Реклама
Вирално

Забрана за работа во недела се шири на Балканот – дали и газдите во Македонија ќе ги фати овој вирус и ќе ги ослободат работниците?

Реклама

Изгледа дека почна да се шири вирус во регионот

Фото: Унсплаш

Но овој вирус не е како обичните од кои треба да се плашиме. Имено во регионот почна да се шири вирус кој ги зафаќа газдите – по Црна Гора и Хрватска, и во соседна Србија деновиве еден газда одлучи своите вработени да ги ослободи од работа во недела.

Имено, откако неколку сопственици во регионот одлучија да стават катанци на своите продавници барем еден ден во неделата оваа иницијатива полека почнаа да ја прифаќаат и други во регионот. И тоа е за пофалба, за разлика од оние газди на кои ни на крај памет не им е да ги ослободат своите вредни работници да се одморат барем во недела.

Маркетинг
Фото: Шутерсток

Слободан Матицки кој е сопственик на книжара во Трстеник, во разговор со „Телеграф.рс“ вели дека ова го направил заради почит кон вработените. Имено, неговата книжара од 1.1. 2020 нема да работи во недела, а ги повикува и другите да го следат неговиот чекор и на вработените да им овозможат викендот да го минуваат со своите семејства.

„Неделата до сега секогаш ни беше работен ден. Работниците одговараа на своите работни задачи и ме почитуваат мене како сопственик, па решив да им вратам на овој начин, да им овозможам слободна недела“, објасни тој.

Маркетинг

Тој на прашањето колку тоа ќе влијае на неговиот бизнис, вели дека во прашање се 52 денови во годината, што допринесуваат за буџетот. Но од друга страна тој размислувал дека на овој начин ќе ја подигне продуктивноста кај вработените, дека работниците ќе бидат позадоволни и дека ќе имаат мотив да се трудат повеќе во текот на неделата.

„Губам во моментов, но верувам дека тоа е краткорочно. Ако пресметаме дека во 52 дена има околу 20.000 дневно промет, тоа е околу милион динари губиток во годината. А ако имам две продавници, тоа значи околу два милиони динари. Тоа е сериозна цифра. Сеедно, мислам дека ќе ја компензирам бидејќи работниците ќе доаѓаат повесели, насмеани, одморени и заинтересирани да направат резултат и да се потрудат околу секој муштерија“, вели тој.

Сведоци сме на суровиот капитализам, јас сум против тоа. Имам три деца, чекам четврто и не знам дали за неколку години и понатаму ќе бидам предузимач или ќе бидам работник кај некого. Би сакал да им олеснам на идните генерации, а се водам според личен пример – ако би сакал моите деца да бидат со нас повеќе време, тоа е така и кај другите семејства“, изјави Слободан за Телеграф.рс. Неговите работници беа воодушевени од оваа одлука, а сигурни сме дека и работниците во Македонија нема да реагираат поинаку кога и некој наш газда би решил да ги затвори своите продавници во недела и да им даде малку одмор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button