Жителите на селото Лука за Срѓан Јанковиќ: Сопругата го напушти, правеше неубави работи низ селото…
Вишото јавно обвинителство Заечар соопшти дека е одредено задржување на осомничените за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ.
„На 4.4.2024 година, во 7 часот, по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар, полициското одделение во Бор одреди приведување на Ј. С. (1974) од с. Лука и Д. Д. (1974) од селото Злот поради постоење основи на сомнение дека на 26.3.2024 година ѝ го одзеле животот на Данка Илиќ (2022) и дека како соизвршители сториле кривично дело тешко убиство“, се вели во соопштението.
Од Обвинителството потврдија дека преземаат мерки за прибавување и обезбедување на доказите неопходни за водење кривична постапка против осомничените. Најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана за натамошниот тек на постапката.
Жителите на борското село Лука, каде што е уапсен Срѓан Јанковиќ (50), кој бил зад воланот на „фиатот“ на смртта се згрозени од тоа што го направил нивниот сосед, пренесуваат српските медиуми.
-До пред една година важеше за чесен човек, но пред една година почна да прави некои неубави работи низ селото и за него се зборуваа секакви работи. Како што слушнавме, поради тоа и сопругата го напуштила, раскажал жител на селото Луке и додава:
– Во последните неколку дена, откако Србија почна да ја бара исчезнатата Данка Илиќ, тој не излегуваше од дома. Порано често седеше пред селските дуќани, а последниве десет дена никој не го виде таму, што ни беше чудно, бидејќи тоа му беше секојдневие.
Мислевме дека тоа е затоа што отпатувал некаде, но пред некој ден го видовме како оди на работа.