Жирито во шoк, Поповиќ го награди – падна и првото запросување во „Ѕвездите на Гранд“, на момчето му се тресеше раката!
Открија и дека девојката е во блажена состојба
Во последната емисија од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ најголемо изненадување го направи натпреварувачот Никола Стојановиќ од Ниш.
Тој реши да ја запроси својата долгогодишна девојка која што е бремена, и тоа пред камерите на сцената,
И публиката и жирито беше воодушевена од овој негов гест, а секако најмногу неговата девојка која му кажа „да“.
Прва му честиташе неговата менторка Снежана Ѓуришиќ, а Саша Поповиќ го награди со тоа што ги пушти во бараж.
Никола пред публиката откри дека е пет години во врска со својата избраничка и дрка наскоро ќе станат родители.
„Долго време размислував, овие месец дена како и што ќе направам. и бидејќи речиси скоро пет години сме заедно и чекаме бебе, омажи се за мене“, изјави со трема во својот глас Никола, а девојката толку беше збунета што не знаеше ни која рака да му ја пружи за да и го стави прстенот.
Инаку, преубавиот настан се случи откако Саша Поповиќ ја викна Бојана да излезе пред камерите на сцената со зборовите дека ова е „малку да се одмори жирито“. Тој ја претстави девојката пред публиката, а потоа Никола премина на главното – клекна пред неа и ја побара нејзината рака.
Таа како од пушка му кажа „да“, а потоа се прегрнаа и бакнаа, додека жирито и публиката цело време им аплаудираа.
Бонус галерија
Топ 10 изданија на водителката Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет