„Животот е убав!“ Погледнете како изгледа денес сопругата на Тони Михајловски, три години по борбата со тешката болест
Болеста на Александра влијаеше и на познатиот актер…
„Три години поминаа. Да го славиме животот секој ден затоа што е убав секој еден ден, убав е животот. Сите си се знаете ама еве пак…“
Болеста на Александра Јорева влијаеше и на животот на познатиот актер, но тој тоа секогаш успешно го криел од јавноста.
Сепак, овој период од живот е далеку зад нив, а многумина се љубопитни да видат како познатиот пар изгледа денес.
Имено, сопругата на Тони Михајловски со години се бореше со тешка болест, а точно пред три години направи операција.
Таа тогаш им се заблагодари на докторите што лавовски се бореа за нејзиниот живот, но и на семејството кое цело време беше покрај неа додека поминуваше низ најтешкиот период од животот.
Сега, откако поминаа три години од тешката операција кога и беше отстранет карциномот, Александра повторно се огласи:
„Три години поминаа. Да го славиме животот секој ден затоа што е убав секој еден ден, убав е животот. Сите си се знаете ама еве пак“, напиша таа во својата емотивна објава со која повторно им се заблагодари на докторите и блиските пријатели што беа покрај неа додека таа не беше „ни на небо ни на земја“, и посебно на нејзиниот сакан сопруг и нивниот син Максим.
„Секој еден од вас има специјално место во моето срце. Ве сакам како и животот“.
„За секој/а една што се бори со злото на 21 век со вербата во вас со позитивна мисла и со бога се е можно.
Да не си го заборавам Отецот мој Михаил фала што постоиш…
П.С сигурно некого заборавам простете се знаете“, напиша Александра во својата објава.
Покрај емотивните зборови, Алекандра сподели и неколку фотографии со кои ги воодушеви своите пријатели, но и ги израдува сите останати што беа загрижени за нејзиното здравје.
Од нив можеме да видиме дека Александра по тешката и неизвесна битка од која излезе како победничка изгледа одлично.
На едната од нив е и Тони, а пред нив здрава храна, а посебно ги израдува сите со фотографиите со нивниот наследник.
Инаку, Тони и Александра се во брак од 2011 година кога по две години врска се заколнаа на вечна љубов.
Тие се венчаа во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Димитрија, а свадбата ја направија во Стара Чаршија.
Круна на нивната љубов е синот Максим, кој и е прв син на Александра, додека Тони има син и од првиот брак.
Фото: Фејсбук/ Александра Јорева Михајловска
Фото: Фејсбук/ Александра Јорева Михајловска
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски
Фото: Фејсбук/ Тони Михајловски