Живкица Каленикова позираше на плажа – и по ТРИ БРЕМЕНОСТИ има тело од милион долари
Водителката има идеални женски пропорции, па едноставно си блеска во секое свое издание
Популарната македонска водителка го покажаа своето тело и со својот беспрекорен изглед ги воодушеви сите.
Живкица Каленикова (моминско Ѓурчиновска) важи за една од најубавите жени меѓу познатите дами во Македонија, а и покрај тоа што има три деца се уште може да се пофали со топ тело.
Таа блеска во секое свое издание, а оние што ја паметат и од квизот „Најслабата алка“ ќе забележат дека воопшто не се променила.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
И денес изгледа подеднакво убаво како и на почетокот на нејзината кариера, што може да се види и од нејзините објави на Инстаграм.
Но Живкица сега отиде и еден чекор понатаму, објавувајќи една преубава фотка од плажа која изгледа како разгледница.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
Таа седи на лулашка покај морето, а нејзиното извајано и затегнато тело нема некој што не го забележа.
Облечена во костим за капење, по папучи и во бела, полупроѕирна блуска Живкица ужива во зајдисонцето освојувајќи бројни срциња и коментари од пријателите и следбениците на Инстаграм.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
Потсетуваме, Живкица е во брак со бизнисменот Зоран Калеников со кого во рок од само три и пол години добија три деца. Во една пригода со Живкица поразговаравме на тема родителство, кога таа ни откри каква е како мајка, но и каков е нејзиниот сопруг како татко.
Инстаграм/ Живкица Каленикова
„Некако со сопругот сме воигран тим морам да признаам, тој како искусен и посветен татко многу добро си ја знае задачата како да даде љубов, без претерано да разгали, и да биде вистински столб во семејството кој ни дава сигурност на сите. Ги имаме оние ноќни разговори кога ќе се стивне денот и децата ќе легнат, да си раскажеме да се преслушаме на каков пат сме со децата и нивниот развој.“
Инстаграм/ Живкица Каленикова
„Особено ми се здрави тие разговори, за да можете да видите до каде сте“, изјави Живкица тогаш за Гламур магазин.
Целото интервју со Живкица прочитајте го тука…