Живее во Оксфорд и е првиот човек од Балканот кој прими вакцина: Во април го вакцинираа, еве што се случува со него сега
Борко Андреевски, 43-годишен битолчанец, кој со години работи како таксист во Оксфорд, најстариот универзитетски град во Англија, е првиот човек од Балканот која ја прими експерименталната вакцина против коронавирусот.
Андреевски, кога пред 3 месеци дознал дека на Универзитетот Оксфорд почнува тестирање на вакцината врз луѓе, доброволно се пријавил, и како што вели ниту во еден момент не се каел за својата одлука.
Тој наведува дека откако ја примил во април вакцината против коронавирусот, досега не почувствувал никаква нус појава, ниту имал било какви проблеми со здравјето.
– Дневно сум во контакт со десетина луѓе зошто возам такси и сигурен сум дека вакцината ме штити од заразата. Да не е така, досега веројатно веќе ќе го закачев вирусот. Верувајте, пресреќен сум што учествувам во овој експеримент и целосно им верувам на научниците. Се чувствувам одлично и сигурно зошто знам дека не можам да добијам корона, ниту пак некого да заразам. Поминав три тестирања на крвта, а уште едно ме чека во ноември, кога ќе се знае дали вакцината делува 100 посто, вели Андреевски.
https://www.instagram.com/p/BXGd-OHlB0_/?utm_source=ig_embed
Сепак, истакнува дека и покрај тоа што верува во дејството на експерименталната вакцина која ја примил, и натаму носи заштитна опрема каде и да оди.
https://www.instagram.com/p/CAqAY6THVXI/
– Во Англија сите носат маски зошто тоа е препорака од владата и мора да се почитува, па не сакам да се издвојувам. Сепак, сигурен сум дека нас, единствено оваа вакцина брзо ќе не спаси од зараза, а како што дознав, веќе почна нејзино масовно производство. Многу ми е жал што во Македонија и Србија многу луѓе умираат од коронавирусот, но верувајте дека постои голема шанса оваа вакцина тоа да го прекине. Едвај чекам во ноември и официјално да добијам потврда дека сум имун на коронавирусот, вели Андреевски.
Очекува дека вакцината која ја примил, а која сега е во експерментална фаза да биде одобрена до крајот на годината.