Живее во Македонија и зема месечно 200 000 евра плата – Еве што работи!

Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска соопшти преубави вести дека и во Македонија имаме милионери и граѓани со високи примиња.
Најмладиот милионер во земјава има девет години со еден милион денари од закупнина. Највозрасниот милионер има 97 години. На неговата сметка лани легнале 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа.

Имаме милионер и со девизна сметка. Според информациите што ги објави Лукаревска најмладиот милионер во евра во земјава има 24 години, додека пак највозрасниот има 77 години.
„24-годишник е најмладиот милионер во евра за 2022 година со остварен и пријавен доход од странство во износ 61,6 милиони денари, а 77-годишно лице со остварени 92,9 милиони денари доход е највозрасниот милионер во евра кој доходот го остварил главно од дивиденти од компании во земјава“, вели Лукаревска.

Жител на Скопје минатата година остварил и пријавил 446 милиони денари годишен бруто доход.
Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, покажуваат податоците што ги објави денеска на прес-конференција Управата за јавни приходи.

Овие информации Лукаревска ги објави на прес-конференцијата која се однесуваше на информации поврзани со годишните даночни пријава и највисок доход во 2022 година.
Лукаревска објасни и дека најмладиот милионер во земјава парите ги стекнал по основ на наследство.
Директорката на УЈП информира и за најголемата месечна бруто плата во 2022 година била во дејноста трговија на големо со тутун и изнесувала 195.000 евра.

Лукаревска даде информации и за полициската акција „Синџир“, при што повеќе бизнисмени се приведени.
-За вакво кривично дело алармиравме заедно со МВР пред околу 2-3 месеци за одредена група даночни обврзници. Имаме соодветни дејствија преземено.
За вчерашната акција за злосторничкото здружување на новоформирани компании кои сметководствено евидентирале фиктивен поврат, па со соодветни компензации го изиграле системот, станува збор за други даночни обврзници.

Доставени се документи кои беа побарани од Управата за финансиска полиција. Ист е основот на некој начин. Во координација сме со институциите, рече Лукаревска.




