Живееше во Америка пет години, дојде во Македонија и го прославија како херој – Како ќе се одрази овој инцидент по него и неговото семејство!

Некои го прогласуваат за херој,а други за приоман!

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски го подметнал пожарот пред бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, потврдија од битолската полиција.
Алабаковски го признал делото и ќе се гони кривично, а кај него полицијата пронашла несоборливи докази кои директно го поврзуваат со пожарот информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По овој инцидент Алабаковски доби големи поени кај македонскиот народ за неговиот потег.
Нормално има и такви кои го осудија овој потег.

Народот дури бара да му се даде Нобело награда на македонскиот пејач.
На социјалните мрежи уапсениот Ламбе Алабакоски е херој. Едни се организираат за протест за поддршка на Алабаковски со мото „и јас сум Ламбе“, други не престануваат со пофални зборови за подметнатиот пожар.

„Дајте му Нобелова награда“, „рацете да му се позлатат“, „Ламбе секоја чест“, „Господ здравје да му даде“, „Ламбе за градоначалник на Битола“, „Ламбе Македонец, вака се чува татковината“, „сите на протест за Ламбе да го поддржиме“, „со право се нарекува Македонец“ и „браво Ламбе, да се прогласи за народен херој“ , се само дел од илјадниците коментрари со поддршка за Алабаковски.
Револтот од бугарското вето за влез на Македонија во ЕУ, условите и барањата на бугарската страна во преговорите доведоа ниту еден од коментарите да не ја осуди пироманијата, казниво дело.

Инаку Ламбе Алабаковски долги години работеше и живееше в Америка.
По пет години тој заедно со своето семејство реши да ја напушти Америка и да дојде да си живее во родната земја.

Алабаковски важи за добро и воспитано момче, но и за одличен сопруг и татко на своите две деца.
Како ќе се одвива целиот случај останува да видиме!
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм
ФОТО: Ламбе Алабаковски / Инстаграм