Жешко издание на познатата Македонка – позираше во бикини и ги истана раскошните облини (фото)
Кристина реши да ги изненади своите верни обожаватели на социјалните мрежи
Познатата македонска манекенка и пејачка Кристина Димитријевска знае дека има голем број фанови, па често е активна на социјалните мрежи.
Таа знае како да игра на картата на провокацијата, но никогаш не ги преминува границите на добриот вкус.
Впрочем така беше и деновиве кога на еден настан се појави во необичен комбинезон со кој го украде шоуто.
Во прашање беше црн, тесен комбинезон со отвори, така што во преден план беше убавото тело на шармантната тетовчанка.
Таа целото издание го заокружи со мала чантичка од популарниот бренд Луј Витон и елегантни црни сандали со високи потпетици.
Кристина на овој начин покажа зошто важи за една од најзгодните Македонки, а многумина го забележаа и пирсот на папокот.
Но ова фатално издание како да не беше доволно, па таа само еден ден подоцна објави и снимка со која никого не остави рамнодушен.
Имено, Кристина овој пат се снимаше во црн костим за капење, а на своите фанови им постави и провокативно прашање.
„Дали сум доволно чоколадна?“, напиша Кристина, по што следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска
Фото: Инстаграм/ Кристина Димитриевска