Реклама
Наши ѕвезди

Жени, ова НЕ смеете да го пропуштите – Бали-бег го промени имиџот и НИКОГАШ не изгледал олку убаво и привлечно!

Реклама

Бурак Озчивит (34) објави неколку нови фотографии и доби бројни комплименти на сметка на својот изглед

Еден од најпознатите турски актери кого нашите гледачи, особено женскиот дел и денес се сеќава по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“, покажа нови фотографии на социјалните мрежи со кои ги воодушеви своите бројни фанови.

Маркетинг

Тој откри дека „фура“ нов имиџ.

На повеќето фотографии новопечениот татко откри како изгледа сега. Неговата коса е малку подолга, па сега ја врзува во пунџа, а има и брада.

Маркетинг

Новиот имиџ на Бурак ги полуде претставничките на понежниот пол, кои во коментарите му пишуваа дека е најубав и најзгоден, па не е ни чудно што на секоја од фотографиите има преку милион лајкови.

Само да потсетиме, и покрај големото внимание што го добива од жените, неодоливиот Турчин последните две години е во брак со 33 годишната турска актерка Фахрије Евџен. Тие во април оваа година станаа родители на машко дете Каран. Турските медиуми иако не ретко пишуваа за одредени несогласувања во нивниот брак, веста дека убавата актерка е бремена, а потоа, откако се породи, и вестите за тоа како се снаоѓаат во новата улога на родители ставија крај на шпекулациите околу разводот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button