Реклама
CelebrityИнтервју

„Жени кои личат на пластични кукли не смеат да бидат пример“

Реклама

Интервју со Кристина Арнаудова

Пејачката Кристина Арнаудова во последните неколку години работи и на своето здружение „Проект среќа“ со кое сака да им го подобри квалитетот на живеење на сите деца со помалку можности во Македонија. Таа сака да им даде шанса и да им пружи рака на овие деца и да им го надомести она што им недостига за да бидат среќни. Таа е и мајка на два сина, па покрај обврските што ги има околу ова здружение, со Кристина поразговаравме и за мајчинството, но и за животот воопшто. Прочитајте во продолжение што има да каже таа за нашиот Гламур магазин.

Како е да се биде мама на два сина?

Прекрасно, возбудливо, динамично, стресно, полно со љубов гушкање, викање ,,не се тепајтеее“, ,,остави гооо“, ,,јадиии“ и одма после тоа ,,те сакам најмногу на цел свет“,?.

Маркетинг

Како успевате да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот?

Тоа е секогаш голем предизвик, ама човек мора да знае за приоритети и да си ги постави. Јас од кога имам деца, приоритет ми се тие, нивните потрби, и времето поминато со нив. Работам кога тие се во градинка, училиште, или кога спијат, хахаха. Малото буквално нема појма дека имам работа, и тоа неколку работи :).

На кои животни лекции ги учите децата?

Се трудам да им бидам добар пример, и јас и мојот сопруг, бидејќи децата учат од она што ќе го видат, не она што ќе го чујат. Сакаме да се добри, чесни, вредни и да имаат големи срца кои ќе им помагаат на останатите. Се останато е помалку важно…Се надевам ќе успееме во тоа.

Маркетинг

Имате убава, густа и бујна коса. Дали имате некоја посебна тајна како ја одржувате и постои ли некоја фризура која Вам лично ви се допаѓа, но немате храброст да ја направите?

Многу ретко правам промени на косата, од проста причина што, кога и да сум направила , потоа долго се каев. Мене светла боја на коса не ми стои добро, па така скоро цел живот ми е темна. Сакам шарена коса, и почнав таква да ја носам уште кога почнав да пеам, во 2000, црно црвена, најчесто…Кога ми е многу долга, најмногу си ја сакам. Лани ја потшишав паж, и многу ми е жал, едвај чекам да ми порасне пак….Косата ми е нешто на кое најмалку експериментирам. Гледам да користам квалитетни фарби без многу хемикалии, и органски природни шампони. Тајната е во добрата и здрава исхрана, што поквалитетно се храниш, поубаво ти изгледа кожата, косата и телото.

Кои три парчиња се клучни во Вашиот плакар?

Фармерки, кожени јакни, долги здолништа и чизми. 4 се , хахах

Каков е Вашиот личен стил?

Лежерен, опуштен, ненаметлив, едноставен, глам рок , понекогаш готик, без дезени со цветови кои не ги поднесувам, хахаха.

Дали внимавате на исхраната и како ја одржувате линијата?

Нема тајна посебна, ако добро се храниш, квалитетно здраво и балансирано, и вежбаш редовно се е ок. Мене не ми успева секогаш тоа. Пред да имам деца бев редовна у теретана секој ден. Сега се молам самата да најдам време и сила после напорните денови…Многу пешачам, не користам автомобил, односно многу ретко, па тоа ме спасува. Поминувам некогаш и по 10 км дневно со нозеве.

Вашиот омилен козметички производ?

Сјај за уста, руменило, и црно моливче.

Младите девојки денеска користат премногу шминка и најчесто изгледаат постаро од годините кои ги имаат. Постојано се бомбардирани по медиумите од силиконски убавици, кои им наметнуваат некои нови стандарди за убавина. Кој е вашиот став за ваквите нови трендови?

Тоа што се случува во моментов сметам дека за некоја година ќе биде нешто сосема надминато,бидејќи не е нормално, ни природно. На младите им даваме сосема погрешна слика , па така сега имаме една генерација на девојки кои се оспеднати со физичкиот изглед, и со корекциите. Скоро и да нема некоја без хијалурон по цело лице,и повеќето не личат на ништо, особено не на себе. Немам ништо против корекции кои се во рамките на нормалата и кои се потребни. Но жени кои личат на пластични деформирани кукли не смеат да бидат пример никому. Односно може да бидат само пример како не треба. Јас многу сакам природен изглед, негуван, чист, многу ретко користам тешка шминка, само за настапи…Можеби еден ден нешто би корегирала, но сега немам се уште потреба, Сака да личам на себе, и сметам дека сите со причина имаме сопствен идентотет, генетски код, немаме потреба да го менуваме. За некоја година ова состојба, да сакаш да личиш на некој друг, сигурно ќе се изучува и на психијатрија, бидејќи ја сметам за болест на новиот милениум.

Дали естетската корекција навистина ги прави жените поубави? И што мислите за тетоважите дали имате и дали би се тетовирале некогаш?

Тетоважи имам, две, и имаат за мене емотивно значење. Естетските корекции, кога се со осет, и кога се со потреба, можат жената да ја направат поубава физички, иако јас тврдам дека вистинската убавина на жената доаѓа од внатре, од очите, од она што е таа во суштина. Сведоци сте и самите на жени кои секој ден го поминуваат во козметички салони, па еве кажете, поубави се заради тоа? Мене не ми се. Само оставаат впечаток дека имаат многу слободно време, кое не знаат на што друго да го потрошат.

Кажете ни нешто повеќе за „Проект Среќа“ ?

Проект Среќа е моето здружение, кое е оформено од пред 5 години, и главна цел има да го подобри квалитетот на живеење на сите деца со помалку можности од целата земја. Сакам да им дадеме шанса, да им пружиме рака, да им помогнеме да се изградат во образовани, едуцирани и добри личности, да им го надоместиме она кое им недостасува да бидат среќни.

Ги повикувам сите да ни се приклучат во мисијата, да не следат на ФБ и инстаграм и заедно да ги правиме промените!

На што работите во моментов?

На проекти во Проект Среќа, на првото училиште за музика и уметнисти за деца со помалку можности , кое за нив ќе биде сосема бесплатно, и на мал милион други убавини, со кои делиме и создаваме среќа….

Секојдневните активности ги постирам на Инстаграм, па така може да сте во тек со секој мој ден.

Подготви: Берта Мартиноска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button