Жени внимавајте на ова: Тие исто ја пренесуваат болеста – за време на пандемија заборавете на овој тренд
Коронавирусот бара многу строги хигиенски мерки. Детално миење на раце, одбегнување на допир и сето тоа мора многу да се почитува, но малку кој размислува колку бактерии се задржуваат под ноктите, посебно вештачките.
Медицинска сестра од Австралија предупредува дека долгите, надоградени нокти може да бидат вистинско легло на вируси и бактерии.
Прва од мерките за одбрана се чистите раце, а вештачките нокти не дозволуваат детално спроведување на хигиената.
Причината е многу едноставна, на пластиката или гелот кој се користи за надградба вирусите остануваа многу подолго, а тешко може да се отстранат. Освен тоа, многу тешко може да се измие и делот под ноктите, каде вирусот останува во најголема мерка.
Во овој период најдобро би било да се носат кратки нокти, а доколку имате вештачки, извадете ги што поскоро. На овој моден детаљ мора да заборавите во овој период, за да го намите ризикот од ширење на овој опасен вирус, пишуваат медиумите.