Реклама
Наши ѕвезди

Жените се луди по момчето на Цеца, му се пуштаат преку Инстаграм – НЕПРИCТОЈНИ ПОНУДИ добива цело време од фановите

Реклама

И Богдан стана голема ѕвезда …

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

 

Откако пред скоро една година како бомба одекна веста дека Светлана Цеца Ражнатовиќ има ново момче, Богдан Срејовиќ, тој преку ноќ стана еден од најпосакуваните и најбараните мажи меѓу жените на Балканот.

Маркетинг

Врската со познатата пејачка му донесе популарност, па така тој денес има неколку десетици илјади фанови на Инстаграм.

Под секоја негова фотографија многу девојки редовно коментираат дека изгледа одлично, а медиумите во една пригода објавија и дека поедини жени одат толку далеку што му испраќаат љубовни пораки.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Од друга страна и многу познати ѕвезди не кријат дека Богдан им се допаѓа, а една од нив е и Кија Коцкар.

Фото: Инстаграм/ Кија Коцкар

Имено, таа во една пригода за него е изјави:

„На момчето на Цеца не му фали ништо. Нема врска што е помлад од неа, па и јас сакам младо мевце. А кога ќе бидам во годините на Цеца, ќе барам помлади момчиња од сега. знаете како се вели – помладо е секогаш послатко“, изјави Кија во една пригода за девет години помладото момче на Цеца, пишува „Информер“.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

А колку Богдан е познат денес, откако цела година е во врска со Цеца, може да се види и по тоа што случајните минувачи постојано го сопираат на улица и сакаат да се фотографираат со него. Така беше и кога неодамна се шеташе низ Белград, каде луѓето му се обраќаа и сакаа да се сликаат со него.

Но тој очигледно нема проблем со тоа, па секогаш со драга волја ќе се согласи и ќе направи неколку фотографии.

Година дена љубов

Инаку, Цеца и Богдан пред само неколку дена прославија година дена од нивната врска. Но како што објавија медиумите, тие не сакаа помпезна прослава, па Цеца организираше романтична вечера само за нив двајцата.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Тие во интимна атмосфера го прославија овој ден и тоа на базенот во нејзината куќа во Белград, пишува Информер.

Фото: Принтскрин

Цеца од својата готвачка нарачала посни јадења, бидејќи таа и Богдан го постат целиот Божиќен пост.

Фото: Принтскрин

Утредента пак, Цеца ја прослави куќната слава Свети Никола, на која покрај Богдан беа присутни и сите нејзини најблиски.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button