Интервју

Жените обожавани од нивните сакани веднаш ќе ги препознаете, вели Марина Дојчиновска

Никаква шминка не може да ја замени убавината на една жена која е сакана и сака истовремено, вели Марина Дојчиновска искрено за Гламур магазин

Реклама
Реклама

Таа е една од најпознатите медиумски ликови, која зрачи со својата непосредност и интелект. Долго време авторка на култната емисија ,,Македониум“, авторка и уредничка на многу телевизиски програми во повеќе телевизиски куќи….

„Ми пречи кога наместо МАКЕДОНИЈА, велат- нашата земја или со кнедла во грлото кажуваат „северна“ и таму каде што нема потреба од тоа… Но, тоа е таа самоцензура, која за жал, последниве години се извежба до максимум кај голем дел од медиумските работници“ вели Марина Дојчиновска за Гламур

Маркетинг
ПРИВАТНА АРХИВА

Долго време бевте авторка на култната емисија Македониум. Зошто одлучивте веќе да не се занимавате со јавна професија и направивте драстична промена?

Ви благодарам за епитетот КУЛТНА емисија. Се почесто го слушам тој термин кога се спомнува Македониум, а тоа особено добива на значење кога доаѓа од колеги и луѓе од медиумите,к ои ја знаат тежината на јавно искажаниот збор. Тоа значи дека она што сте го правеле, допрело до многу луѓе, дека изразените ставови и упатените пораки биле примени на вистинскиот начин, а темите кои се третирале ја одразувале нашата заедничка македонска суштина – со сите прашалници, точки и извичници!

Сум била авторка и уредничка на многу телевизиски програми во повеќе телевизиски куќи, но Македониум ја одбележа мојата професионална кариера и ме прави неизмерно среќна и горда на себе фактот што се третира како КУЛТНА емисија.  Зошто се случи драстичната промена и веќе 7-8 години ме нема на медиумите?

Маркетинг

Едноставно,некои нови околности налагаа да се превземат нови чекори, се појавија нови предизвици во една сосема поинаква сфера. Отворив своја Компанија-ХУНЗА ВЕДА, која ја менаџирам веќе 12 години и комплетно се посветив на бизнисот.

Ви недостига ли телевизијата како медиум?

Како одминува времето, телевизијата ми недостига се повеќе.. и не може да е поинаку. Таа магија останува да биде дел од вашата личност и печат на вашата аура. Најмногу ми недостига во моменти кога ми приоѓаат луѓе кои ги следеле моите емисии – ме поздравуваат, ми изразуваат искрени емоции и респект, ми кажуваат дека не пропуштале ни едно издание од програма која знаела да ја воздигне македонската енергија и да ја наполни душата-по македонски!

Тогаш знам дека сум правела нешто вредно и важно, за сите нас!

ПРИВАТНА АРХИВА

Важите за една од најубавите и најелоквентните новинарки и водителки во македонскиот етер. Што недостига,според Вас,во денешното новинарство-водителство?

Благодарам на комплиментите,убавите зборови упатени од дама имаат посебна ,,специфична тежина,“!

Сите овие години подалеку од телевизија, ме направија голем критичар на она што го гледам на екраните. Да бидам искрена, најмногу ми недостига – да се говори за Македонија во суперлатив!

Ми пречи кога наместо МАКЕДОНИЈА, велат- нашата земја или со кнедла во грлото кажуваат СЕВЕРНА и таму каде што нема потреба од тоа… Но, тоа е таа самоцензура, која за жал, последниве години се извежба до максимум кај голем дел од медиумските работници.

Ми пречи што програмите се преполнија со промовирање на изместени вредности, од приземни ликови залутани во телевизиските студија, конверзации без елоквенција, разговори без концепт.

Ми пречи и естетската деградација, кога визуелната порака што се испраќа преку програмата е нарушена и девалвирана под секое ниво-па ги гледате  накитени како светкави новогодишни елки – во дневни емисии, каде што не смеат да помислат така да изгледаат.

Сето тоа укажува на драстично спуштање на критериумите за тоа кој може а кој не смее да се појавува во улога на тв водител. Секоја чест на исклучоците и колегите кои знаат што е телевизија, што се трудат да опстојат и да бидат свои,  дури и во овој наплив на невкус и ограниченост.

ПРИВАТНА АРХИВА

Сега сте ексклузивен увозник и застапник на Хунза маслото од семки од кајсија, од Хималаите. Како дојдовте до првиот контакт со Кралството Хунза?

Првиот контакт со овие прекрасни луѓе од малото хималајско Кралство Хунза, се случи уште во 2005 година. Тоа беше долго планирано патување и заокружување на новинарски проект, на кој работев долго време. Од тогаш датира и документарниот филм ,,До крајот на светот,“, а потоа во 2008 година, Кралот и Кралицата ја прифатија мојата покана и со своја делегација допатуваа во посета на Македонија.

До денес, нашата комуникација е секојдневна, а јас во меѓувреме уште неколку пати патував и престојував во Хунза.

Она што не го знаев на почетокот е дека – освен другите феномени, Хунзите се најдолговечните луѓе на Планетава, живеат вообичаено над 100 години, жените таму стануваат мајки и со 65 години и имаат животна филозофија дека од овој свет треба да се замине заради старост,а не заради болест!

Феномен се и заради фактот што кај нив нема забележано случај на заболување од карцином и се прогласени на канцер-фри зона.

Според Хунзите, тоа се должи на секојдневно внесување преку исхраната на маслото од семка од кајсија, кое тие го цедат рачно, по рецептура стара илјадници години, од кајсиите кои во Хунза го има во секој двор.

Семката од кајсија содржи елемент кој, според нив, не дозволува појава на канцерогени клетки во телото. Подоцна дознав дека до истото сознание дошол и американскиот доктор Ернест Кребс ,кој го нарекол овој елемент – Б 17.!!!

Бидејќи ние се соочуваме со експлозија од канцерогени заболувања – овде, во Македонија, сама се наметна потребата да се обидеме маслото од семка од кајсија ,да се донесе овде.  Така започна тој проект, кој трае веќе 12 години.

Тоа беше прв пат Хунзите да пратат некаде од своето драгоцено масло, кое тие го викаат ЗЛАТНИ КАПКИ, зошто е драгоцено и за нив повредно од злато, но и затоа што произведуваат ограничени количини. Сите овие12 години за нас одвојуваат еден дел и го испраќаат со молитви за здравје!!!

Требаше време да се брендира, да се промовира и се дистрибуира оваа скапоценост низ Македонија, за да стане достапна до секого на кого ќе треба. Требаше и време и енергија и поветеност, за да реализира сето тоа, Хунза капките се тука, во секоја аптека, но ги има и во Србија, Бугарија, Италија, Швајцарија… од неодамна и во Дубаи.

Колку сте задоволни од се досега во однос на новата работа?

Би сакала да ги охрабрам во оваа прилика, сите жени и девојки кои размислуваат да отворат сопствен бизнис. Прекрасно е чувството кога ке се реализира замислен проект, иако притоа ги правите првите чекори во бизнисот. Се се учи, ништо не е невозможно, се зависи од Вас!  И добрите и лошите одлуки се Ваши-ако некогаш згрешите, барем сте ја научиле лекцијата за следниот пат!

Сатисфакцијата од фактот дека сте успеале САМА, Ве прави силни и моќни! А сето тоа заедно, Ве прави успешна жена!

ПРИВАТНА АРХИВА

Вашите корени се од мијачкото место Гари. Пред некоја година изградивте нова куќа, за која велите дека се чувствувате како да сте во рајот. Дали  тоа местото каде бегате од се, да се одморите и што значи овој крај за вас, какви спомени ви буди?

Гари е за мене најубавото место на светот! Мојот покоен татко – Блаже ми ја пренесе љубовта кон Мијачијата, кон традицијата, кон Мајовци и езгиите, кон Стогово и Гарска река и нашата семејна куќа во горно маало, стара еден век.

Гари е за мене одраз на една моќна духовна вертикала и идентитетски образец на мојата личност.

Нашето семејно стебло го красат маркантни ликови како ПЕТРЕ, ЈОВАН И МАРКО ФИЛИПОСКИ, кои го имаат врежано својот потис и нашето презиме  на иконостасите во црквите и манастирите низ целиот Балкан.

Петре Гарката е гордост на Гари и македонски великан. Чувството на припадност на таква славна семејна лоза е богатство само по себе и ретка привилегија.

Често се постирам и споделувам фотографии од новата куќа во Гари, која беше моја долгогодишна желба и проекција. Сега е место за одмор и за ,„регенерација на мозочните клетки“, како што вообичаено знам да искоментирам, кога сум таму.

Некогаш ми е доволно да преспијам таму само една ноќ, и да се вратам во Скоје ,,како нова,“!   Гари ми е моето второ дома и мојот личен рај!

ПРИВАТНА АРХИВА

Се уште зрачите со убавина и многу водите грижа за својот изглед комплетно. Која е тајната на Вашиот изглед и убавина?

Немам друга тајна освен ЗЛАТНИТЕ КАПКИ од Хунза.  Маслото од семка од кајсија стана моја единствена козметичка рутина, исто како кај жените од Хималаите – на кои им се восхитував и се чудев како може да имаат лице без брчки и на 70 години…

15 капки наутро и навечер се доволни, за да ги внесете сите природни витамини во организмот. Уште 5-6 капки на лицето заменуваат најскапи креми и лосиони, а ефектите ги гледате веднаш.  Притоа знаете дека на себе нанесувате природен препарат, без грам хемија-што е најголем квалитет во денешно време.

Огромен показател колку е природата-најсовршената козметика!!!

Околу физичката кондиција имам асистеција од моите Малтезери-Зои и Бел.Секојдневните прошетки со нив и пешачењето на кејот на Вардар, заменуваат посети на фитнес клубови. Кога сме во Гари или Владимирово, пешачењето станува планинарење- а тоа ни годи на сите.

ПРИВАТНА АРХИВА

Со Горан сте веќе подолго време заедно и вљубени. Kако започна вашата љубов и колкава промена донесе Горан во вашиот живот?

Тоа ,,подолго време“ – станаа скоро 9 години откако Горан се појави во мојот живот, а ние секогаш си го одбележуваме денот кога се запознавме – на посебен начин и му придаваме голема важност. 13 јули го сметаме за наш празник!

И овојпат, тоа ќе биде прослава нa љубовта, убавината, вниманието, искреноста, поддршката и посветеноста која си ја даваме еден на друг. Кон претходното прашање за тајната на убавината, би го додала и најважниот сегмент – љубовта! Никаква шминка не може да ја замени убавината на една жена – која е сакана и сака истовремено…

Жените кои се обожавани од нивните сакани, веднаш ке ги препознаете-тие зрачат со посебна убавина, што не се купува со пари. Тоа е таа среќа и благослов, а ние двајцата се трудиме да го сочуваме и да го заштитиме тоа што го имаме.

ТЕ САКАМ И САКАМ ШТО ТЕ САКАМ!!!!!!

Колку убава реченица, нели???

На сите им посакуваме да се пронајдат себеси во овие зборови, со кои е кажано се!

ПРИВАТНА АРХИВА

И двајцата сакате многу да патувате, да ни издвоите некоја дестинација, каде сте поминале најубаво?

И пред да се запознаеме, двајцата многу сме патувале. Сега патуваме зедно и патувањата имаат нова димензија.  Хунза-Хималаи, Бразил-Рио де Женеиро и Сао Паоло, Париз, Цирих, неколку омилени места во Италија и регионов, се наша честа дестинација.

Секое патување е посебна приказна и интересно на свој начин. Понекогаш снимаме и видеозаписи со нашата камера, да има за личната архива… Се уште не сме ги гледале, само ги складираме на хард-диск. Се договоривме да ги гледаме кога ќе отидеме во  пензија.. ама до тогаш-има уште време за патувања и правење спомени!

Сепак, би го издвоила последното патување во Измир и Маниса, затоа што има македонски предзнак. Иако имавме сознанија дека таму живат многу наши луѓе ,преселени од овде во 60-тите години од минатиот век, се фасциниравме од податоците дека таа македонска заедница денес брои над 1 000 000 луѓе само во овие два града.

Не може да се опише радоста, кога далеку од дома ке те пречекаат твои луѓе, кои говорат на македонски јазик, кои се веселат на македонска музика и ја носат Македонија во срцето, предавајќи ја како аманет – од генерација на генерација.

Некои од нив веќе ги сметаме како роднини, а не пријатели и имаме постојана комуникација, како со свои најблиски.

Да сте ни здрави и живи-Абдула и Себахат Јајоски, Филиза Акарбеј, Беадин Вардар, Ајтен и сопругот од Ростуше, нашите во Измир од Горно Врановце и сите Македонци во Турција, кои не успеавме да ги запознаеме при нашиот прв престој таму.

ПРИВАТНА АРХИВА

Одите ли и Вие често во Владимирово?

Многу често сум во Владимирово. Последнава зима, скоро секој викенд. Горан направи прекрасен голем камин во неговата куќа, па беше вистинско задоволство да се гледа снегот како врне надвор, од позиција до огнот.

Дури и мојот роденден во декември го прославивме таму, заедно со многу наши пријатели и драги луѓе-  и се разбира, со трубачи, зурли и тапани.. до доцна во ноќта.

И кога нема посебен повод куќата е полна со гости.

Често ни доаѓаат и роднините и соседите на Горан, на кафе и по една-две од сливовата ракија, која ја прават за своја душа.

За Малешевскиот мед и компирот од тој крај, веќе се знае дека е најдобар. Но, кога станува збор за сирење – е тука има различни мислења за тоа дали е поубаво беровското или гарското.

ПРИВАТНА АРХИВА

Дали можеби во иднина би можеле да не изненадите и повторно да ве видиме на Тв екраните?

Никогаш не може да знаеш што ќе донесе утрешниот ден. Затоа никогаш не велам никогаш!  Последново патување во Измир ми покажа дека има уште многу неоткриени македонски вистини, кои чекаат некој да ги обнароди.

Предмет на моите професионални интереси била и ќе остане да биде Македонија, а гледам дека има уште многу да се каже за неа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button