Реклама
Холивуд

Жените никогаш не се престари за мода – ова издание на Деми Мур е одличен пример за тоа

Реклама

Никој не може да и пронајде маана во ова издание

Деми Мур иако има 56 годишни изгледа феноменално и во модни парчиња кои им се омилени на многу помлади девојки.

Маркетинг

Познатата актерка кога е на црвениот килим знае како да заблеска и да биде во центарот на вниманието, но и во нејзините опуштени, секојдневни изданија изгледа феноменално. Во овој случај убавата Деми беше фотографирана додека пристигнуваше на лондонскиот аеродром, облечена комотно за прекуокеанското патување.

Маркетинг

Таа носеше „оверсајз“ фармерки со подвиткани ногавици под кои ги „фураше“ култните чизми мартинки и тренди јакна со војнички дезен (со предимензиониран крој).

Проблемот е што кога жена ќе влезе во одреден години, околината почнува да гледа со неодобрување на многу работи, особено кога е во прашање облеката. Па така многу жени се критикувани доколку носат мини фустани откако ќе ја поминат 40-тата и 50-тата година, или скинати фармерки, а терминот „облека за млади“ им е влезена во потсвеста на многу дами кои поради тоа ја избегнуваат, иако им се допаѓа.

Но тоа очигледно не е случајот со Деми Мури. И на крајот на краиштата, зошто да избегнува нешто што толку добро и стои? Одличен пример за тоа е ова издание на познатата актерка со кое апсолутно не воодушеви иако во прашање се парчиња што ги обожаваат помладите девојки.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button