Реклама
Вирално

“Жените не ме сакаат зошто работам на нива, кога ќе видат скапа кола веднаш се појавуваат”: 42 годишен ерген се пожали јавно- БАРАМ НОРМАЛНА ЖЕНА!

Го одбегнуваат поради работата...

Реклама

42- годишниот Његош Стојадиновиќ се опишува себеси како вреден и упорен маж кој не бега од ниту една работа.

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

– Не бегам од никаква работа, а кога ќе се вратам дома од терен можам да готвам и перам, иако и мајка ми е тука за се што ми треба. Види ми ги рацете, сето тоа се плускавци, работам секој ден и имам секакви обврски. Секогаш има што да се направи… Не ми треба толку вредна жена, само нормална. Јас не ја терам  да работи на нива, само оние домашни работи што ги прави секоја домаќинка. Сакам да работам, да продолжам да произведувам овошје и зеленчук и да бидам целосен и да создавам што повеќе – истакна овој вреден човек за ТВ Прва.

Маркетинг

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

Његош Стојадиновиќ посочи дека сè уште немал среќа да ја запознае жената на својот живот а за тоа вели виновна е неговата работа.

Маркетинг

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

Тој го добил прекарот „крал на пиперките“. Има свои плантажи, голем имот, се занимава со производство на овошје и зеленчук, но за жал на 42 години не може да најде сродна душа.

Његош вели дека девојките бегаат од него штом го видат како работи на нива.

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

– Времињата се сменија, а особено откако ја работам оваа работа и кога ќе ме видат на терен, девојките имаат сосема поинакво мислење за мене. Многу пати навечер кога имам време објавувам слики од зелка и пиперки на социјалните мрежи и не ми се верува дека тие слики нема да и се допаднат на ниту една жена. Гледам што се случува… Еден пријател, кој има Ролс Ројс, ми рече да се сликам во него. Се сликам во него, гледам имам 300 лајкови. Гледам и не ми се верува дека девојките денес повеќе ценат обично железо, автомобил отколку производител кој произведува 150 тони зеленчук. Не гледаат кој си и што си, туку гледаат кој што има – вели Његош.

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

Иако имал неколку врски сите завршиле неуспешно.

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

– Не сум пребирлив, само барам нормална девојка, која не се срами од работата што ја работам. Не се срамам од таа работа, од утро до вечер сум на терен вели Његош и додава:

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

– Но, штом запознаам девојка, таа излегува првата вечер, ми бара пари, бара забава. Ми вели сред сезона кога треба да одгледувам пиперки, – ајде на море! Какво црно море… – вели Његош.

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

– Многумина ми велат зошто не сум се оженил. До крајот на годината ќе наполнам 42 години, никогаш не е доцна. Важно е да се најде нормална жена– заклучува тој.

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

фото фејсбук/Његош Стојадиновиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button