Реклама
Хороскоп

Жените денес треба во црква да ѝ се помолат на Светата Анастасија – оваа молитва штити од зли сили

Се верува дека светата Анастасија им помага на жените во неволја, дека ги штити од зли сили, од болести и нуди спас...

Реклама

Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка е славна христијанка родена во Рим, во многу богато семејство.

Таткото на Светата великомаченичка Анастасија бил сентатор и паганин, а нејзината мајка христијанка.

Љубовта кон верата и Исус Христос Анастасија ја доби од својата мајка, но и од својот благочестив учител Хрисигон.

Маркетинг

На овој начин Анастасија од мали нозе се приврза со љубов кон Господ Исус, па дури и кога нејзиниот татко ја принуди да се омажи за незнабожечкиот велепоседник Публиј, таа беше решена да остане девица. Под изговор на женски болести таа секојдневно бараше начин како да го избегне да влезе во телесна врска. За ова мажот горчливо ја мачеше со затвор и глад, но таа не потклекна.

Маркетинг
Фото: Википедија

Нејзините маки беа уште поголеми кога сопругот дознал дека тајно оди во затворите да ги посетува христијанските маченици.

Но по Божја Промисла таа беше ослободена од својот свиреп маж. Имено, царот го испратил Публиј во Персија, а тој се удавил на овој пат. Ослободена од стегите на бракот, Светата Анастасија почнала уште повеќе да им служи и помага на христијанските маченици, но и да дели пари и да дава милостиња од своето големо наследство што го добила по смртта на сопругот на најсиромашните.

Оваа светителка потоа се упати во Македонија, каде исто така им помагаше на прогонетите христијани.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но таа набргу беше препознаена како христијанка, па беше фатена и одведена на сослушување и мачење кај разни судии.

Еден началник дури сакаше и да има насилни односи со неа, но Бог ја спаси – тој ненадејно ослепе и умре.

Фото: Википедија

Светата Анастасија беше осудена на смрт со глад, па помина 30 дена во зандани без храна и вода, хранејќи се само со солзи и молитва

Потоа беше ставена на кораб со уште неколку христијани, да биде потопена, но Бој и од оваа смрт ја избави.

На крајот настрада положена на оган, со врзани раце и нозе на четири јазли, во Сирмијум, денешна Сремска Митровица.

Таа својата света душа му ја предаде на Бога во 304 година.

Се верува дека Светата Анастасија им помага на жените во неволја, го штити од зли сили и болести.

Исто така се верува дека нуди спас кога чувствувате дека сте западнале во лоши околности и дека се вртите во маѓепсан круг, а на денешен ден треба да појдете во црква да се помолете на оваа светителка.

Нејзиниот манастир се наоѓа во Грција 30 километри од Солун.

Се верува дека Анастасија им помага на сите жени кои денес ќе појдат до црква, ќе запалат свеќа и ќе и се помолат.

Тропар

„Господ твојот Бог, о света Анастасијо, тебе те пронајде како чист сад, преку кого ќе се разрешуваат луѓето од тегобите на гревот, раните на телото, малаксаноста на духот, моли се за нас, ти, која милоста Господова на земјава ја распростираш, до крајот на вековите“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button