Жена (90) го победи коронавирусот и сега на сите им советува: За да се излечите ова е најважно
Кристин Вуд (90) од Сиетл од битката со коронавирусот излезе како победник и докажа дека овој вирус може да се победи. Таа им е надеж на заболените ширум светот, а посебно на оние најстарите за кои се верува дека се во најзагрозената категорија.
Таа со вирусот се зарази кон средината на февруари, во центарот за стари лица, каде што освен неа, забележан е поголем број заболени. Имено, од вкупно 132 лица во домот, со коронавирус се заразиле 60 отсто, а четвртина починале од последиците на КОВИД-19.
Нејзината внука Кејт за американските медиуми изјави дека на нејзината баба болеста и е дијагностицирана на 6. март, и дека во центарот дошла претходно зошто доживеала мозочен удар.
Таа вели дека воопшто не се чуди што бабата излегла како победник од целата оваа приказна, зошто цел живот била вистински борец. Низ болничкото стакло секој ден на семејството му испраќала пораки дека ќе победи и дека ќе бидат горди на неа.
Кејт на својот Фејсбук профил напиша дека бабата, додека била болна постојано барала супа од компир, па сега сите се шегуваат, дури и лекарите и медицинските сестри дека тоа и помогнало во опоравувањето.
Оваа баба има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и 3 праправнуци. Постојано е опкружена со големо количество љубов што можеби е причина за нејзиното опоравување, вели Кејт, додавајќи дека се надева дека бабата во следните недели ќе биде пуштена на домашно лекување.
Позитивниот став и желбата од болеста да излезе како победник многу придонесува на крајот така и да биде, велат лекарите. Позитивните психолошки аспекти на навистина клучен фактор во секоја борба за здравје.
Коронавирусот навистина е многу опасен и треба сериозно да се сфати, но излекувањето навистина е можно. Пред се потребно е да се воведат сите превентивни мерки и да се биде внимателен, а доколку дојде до заболување не треба да се губи позитивниот дух.
Во прилог на оваа приказна говорат и уште неколку случаи на успешно излечени лица. Пред неколку дена, иранската државна телевизија Ирна објави дека во еден град во близина на Техеран е излекувана старица од 103 години, а британските медиуму пишуваа за успешно излечената брачна двојка: поранешниот кинески астроном кој има 98 години и неговата сопруга од 85 години.
Една од најстарите излечени лица во Кина исто така има 98 години.