Сака мирен, стабилен семеен живот, а безбедноста и верноста и се најважни во љубовната врска.
Таа е интересна, мистериозна, понекогаш и е тешко прва да каже “Извини”, но маѓепсува со својата пожртвуваност. Грижата за се околу себе ја исполнува и животот и го прави смислен поради што е грижлива пријателка.
За овие жени е многу важно да ја почувствуваат поддршката од својот партнер. Ако тие се во тешка ситуација, им треба доволно време и простор за да ги соберат своите мисли и да размислат за нивниот следен потег. Бидете трпеливи.
Можете да кажете убави зборови, да им дадете совет, но немојте да бидете сигурни дека ќе ги следи. Пред сè, треба да бидеш поддржувачки настроени.Како сите жени, така и оние кои се родени под знакот на Рак, им се допаѓаат романтични изненадувања.