ЖЕНА ПОЧИНА САМО НЕКОЛКУ ЧАСА ПО СВАДБАТА: Нејзините последни зборови го расплакаа светот!

За жал, во неделите и месеците по оваа страшна трагедија, имаше големи несогласувања меѓу Арик и семејството на неговата покојна сопруга.
Иако денот на венчавката треба да биде еден од најсреќните денови во животот на една личност, за Арик Хачинсон (36) од Јужна Каролина, Америка, тој се претвори во ноќна мора.
Арик се ожени со Саманта, која е две години помлада од него, во април годинава на плажата Фоли во весела, интимна атмосфера со присуство на своите најблиски, но по само неколку часа остана вдовец.

Имено, младенците ги удрил пијан возач додека се враќале дома од свадбената веселба – Саманта починала на лице место, а Арик беше тешко повреден.
Овој несреќен човек поминал неколку месеци во болница поради повеќе скршеници, а додека се опоравувал за „Еј-би-си њуз“ искоментирал: „Се уште се обидувам да разберам се, не можам да разберам дека се случило ова, дека ние дојдовме од такви височини до такво дно“.
Иако не може да се сети на несреќата, тој низ солзи му рекол на новинарот: „Се сеќавам дека Сем рече дека сака таа ноќ никогаш да не заврши“.

За жал, во неделите и месеците по оваа страшна трагедија, имаше многу несогласувања меѓу Арик и семејството на неговата покојна сопруга.
Имено, по смртта на Саманта, Арик ја презел контролата над нејзиниот имот, а тоа и пречело на нејзината мајка Лиза Милер, пренесува „The Sun“.
Мајката на Саманта го тужела за да го оспори неговото барање за наследството на Саманта, наведувајќи „конфликт на интереси“ и „потенцијална измама“.
“Арик и јас се договоривме неколку пати дека Сем би сакала да правиме сè заедно бидејќи ние бевме двете најважни луѓе во нејзиниот живот. Никогаш не сакав да ја оспорувам валидноста на нивниот брак или да го наклеветам Сем. Но, чувствувам дека Арик го прави тоа затоа што оди против нејзините желби“, изјави Лиза за Пост и Курир.

Таа исто така тврди дека адвокатскиот тим на Арик ја спречил да го добие својот дел од наследството на ќерката.
Сепак, адвокатите на Ариќ возвратија на тврдењата на Лиза: „Арик беше повеќе од дарежлив кон Лиза Милер, нудејќи ѝ половина од парите, а таа возврати со закана дека ќе ја оспори валидноста на неговиот брак со Саманта. Тој се надеваше дека Г-ѓа Милер би имала доволно почит кон сопствената ќерка и дека нема да го стори тоа.

Ариќ ја понуди оваа понуда за спогодба не затоа што Лиза Милер има валидно правно барање, затоа што нема, туку затоа што тој е дарежлива личност и повеќе би сакал да избегнува болна, јавна парница за валидноста на неговиот брак со Сам“.




