Реклама
CelebrityНовости

Жената пред кого светот се поклони, повторно во сенка: Атиџе сама и незаштитена во своето село Бекирлија – животот не и е МЕД!

Реклама

Жената пред кого светот се поклонуваше и дозна за нашата Македонија, по само неколку месеци таа стана повторно сенка во општеството.

Атиџе ги собра симпатиите кај македонската публика, цела Македонија и се поклони за нејзиниот успех како ја престави Македонија како што само таа знае и навистина допре со нејзината приказна до целиот свет, дури го остави светот малку да се подзамисли, до каде треба да оди со својата себичност.

Маркетинг

Многумина знаат често и да го посетат ова село па така Бекирлија од заборавено место стана популарно. По посетата на селото никако не се одминува куќата на славната Атиџе, па таа како што сведоат многумина коментари на социјалните мрежи ги пречекува со насмевка на лице и по еден филџан кафе. Насмеаното лице на Атиџе кога некој и доаѓа во посета, сведочат и фотографиите на некогашната водителка Сузана Турунџиева.

https://www.instagram.com/p/CFKEb3JMWq2/

Маркетинг

 

Таа замина во селото Бекирлија да испие кафе со Атиџе Муратова, па на социјалните мрежи го искажа своето задоволство по посетата.

Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата „диоптрија” на животот.

https://www.instagram.com/p/CFJyaAUsEnj/

 

Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат… Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме… Фала ти животе“ – напиша Турунџиева

https://www.instagram.com/p/CFNaWN-jyxk/

 

Нејзините „пет минути слава“ кратко траaеа, успеа од своето село Бекирлија, Лозово да стигне до Холивуд, но по завршувањето на целта таа сјајна прашина Атиџе се врати на својот стар живот, но наместо да живее со спомените и со својот успех на неа и започнува пеkолoт. Останува сама и незаштитена од злите соседи.

Таа собра храброст и пред Сител раскажа дека д трпи напади од соседот во селото Бекирлија. Тој со години и прави проблеми но поради неговите деца таа до сега неколку пати го толерирала, но последниот настан премногу ја вознемирил и се јавила во полиција.

Соседот и го бутнал ѕидот каде што ја чува кравата за да и избега. Кога го прашала зошто го сторил тоа, тој и се втурнал и вербално ја нападнал. Атиџе за Сител вели никој не интервенирал по телефонската пријава туку ја повикале таа да дојде во станица во Свети Николе. Полицискиот службеник наместо да и помогне, Атиџе вели ја утешил дека по национална линија, ќе се смиреле како брат и сестра оти и двајцата биле Tурци.

Луѓето и велеле дека соседот наводно бил психички нестабилен и ја советувале да го го игнорира, но Атиџе вели токму поради таквата негова состојба се плаши дека може да ја снајде најлошото. Овој пат е решена да го истера случајот до крај. Разочарана од односот на полицијата, вели ќе се обрати во Турската амбасада а размислува и да се отсели од државата.

По оваа нејзина реакција полиицијата веднаш замина за селото Бекирлија каде Атиџе им раскажа за страшната ситуација.

-Малку ми се смири душата откако дојде полицијата иако морам да кажам дека ова не е прв пат да се обратам до нив. И досега сум имала проблеми и сум ги викала. Но, тие ке дојдат ќе поразговараат со него и толку. Можеби не е до нив. До кого е не знам, ама јас навистина се плашам по својот живот и не знам ако ништо не се превземе и овој пат како ќе живеам понатаму со страв, изјавила Атиџе за ММС.

Од МВР, пак, за ММС  рекоа дека соседот на Атиџе е писмено предупреден, а се превземаат и дополнителни мерки.

И од МТСП со реација за случајот на Атиџе.

Оттаму велат дека ја следат состојбата.

-Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита. Во однос на настанот кој е предмет на ваш интерес, тој не е во надлежност на МТСП. Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата и превзема конкретни мерки, велат од МТСП.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button