Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жената во овој хороскопски знак е најтешко да ја освоите!

Реклама

Жената во овој хороскопски знак не е родена за љубов на прв поглед таа постепено се препушта на чувствата.

По извесно време таа и дозволува на љубовта да ја совлада. Жените во овој знак не сфаќаат како е можно некој да сака двајца мажи исовремено. А, кога некој ќе ги повредени нејзините чуства таа не простува. Таа е многу горделива и секогаш бира мажи кои се интелектуално посилни од неа.

Маркетинг

Тоа е  жената ЈАРЕЦ!

Жената Јарец е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за оние кои го сака, но мажот кој го има избрано мора да ги исполнува нејзините потреби. Таа знае да се грижи за себеси и да биде самостојна – има свој стил на облекување, чиста е и педантна, и помалку формална.

Маркетинг

Иако се плаши од заљубување, тоа не ја спречува често да се заљубува. Нејзината надворешност прикрива длабоки чувства и емоции кои таа ги чува за луѓето кои ги смета за посебни. Доколку не ви обрнува внимание, тоа значи дека ништо не и значите, бидејќи токму така таа ги дели луѓето во својот живот. Не губи време на луѓе кои не ја привлекуваат, кои немаат харизма и кои и делуваат безлично.

Жените родени во овој знак иако имаат проблеми да ги покажат своите вистински емоции, спаѓаат во оние емотивни личности и често паѓаат во длабоки и темни нерасположенија поради нивните чувства. Жената Јарец мрази неискреност од дното на душата, а ако почувствува дека е излажана, не губи време, туку веднаш ги прекинува нештата.

Таа секогаш цврсто стои со двете нозе на земја. Кога бира партнер, не верува во бајки, туку и е потребна емоционална и финансиска стабилност. Често, дури и да наиде на принцот на бел коњ постојано ќе го става на тест, не верувајќи дека тој е вистински.

На многу луѓе им е тешка нејзината резервираност и студен поглед. Но, понекогаш само со еден допир или движење можете да ја симнете нејзината маска.

Жената Јарец има визија за животот и знае дека здравата работа и амбиција ќе ја одведат до нејзината цел . По работа, кога сите одат на пијалок со пријателите и колегите, таа останува, за да провери се. На универзитетот таа е менаџер на групен проект и поправа се што правите. Шефовите ја сакаат, бидејќи ги респектираа сите со својот авторитет.

Исклучително одговорна е, а тоа значи дека никогаш не лета со памет кога се занимава со нешто. Може и да ве нервира нејзината професионална етика, но ќе бидете благодарни што можете да се потпрете на неа.

Жената Јарец во пријателскиот круг е рамото на кое плачете. Претставниците на овој знак се познати со трпение и способноста да слуша за проблемите на пријателите со часови. Но токму оваа жена ќе биде таа која ќе ви каже се да земете во раце и ќе ви подготви детална стратегија како да се вратите во живот.

Луѓето имаат потреба од жената Јарец во пријателската средина, бидејќи е одговорна и организирана. Таа ги прави плановите, ги собира сите на едно место и потоа ги проверува, за да разбере дали се беспрекорни.

Но оваа жена нема да има огромен круг на пријатели. Таа нема време за сите и верува во квалитетот, наместо во количината. Таа може и да не е центарот на забавата, едноставно затоа што била премногу зафатена да ја организира забавата.

Жените Јарец се апсолутно независни и често доста тешки. Во љубовта претставничката на овој знак треба да биде прогонувана, а тоа им се допаѓа на мажите кои сакаат предизвици. Но нејзиниот дечко не секогаш е приоритет за неа, но страста и интересите се токму она што партнерот го смета кај неа за секси.

Мажите ја сакаат, бидејќи таа нема потреба да се идентификува со нив и врската. Таа си има свој живот и никогаш не се лепи за некого. Идеална партнерка е, бидејќи е лојална.

Но заради лојалноста и самосвеста, жената Јарец не е жена, која може да ја мамите. Таа дава драгоцено време за да му се довери на човекот, и не е склона да надмине предавство

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button