Денеска својата граѓанска должност ја вршат бројни познати личности. Центарот на внимание секако како и секогаш е поп дивата Јелена Карлеуша.
Будното око на српските новинари забележува дека Душко и Јелена гласале одделно.

Сè уште законските сопружници дојдоа одделно. По сопругот Душко Тошиќ гласаше и пејачката Јелена Карлеуша. Карлеуша денеска, 2 јуни, околу 12 часот се појавила на гласачкото место на Дедиње, додека Душко околу половина час порано ги извршувал граѓанските обврски -пренесуваат медиумите.
НА ПОГРЕБ ИЛИ НА ГЛАСАЊЕ-Погледнете како се облече Карлеуша за да гласа (ФОТО)
Душко беше во сина кошула и панталони, а за стајлингот на Карлеуша се зборуваше насекаде. По минатогодишното црно издание за изборите, каде, како што тогаш призна, ја навредуваа, Јелена Карлеуша сега блесна во бело.

Јелена гласаше во школата за дизајн на Дедиње, а се појави во долг бел фустан со знамето на Србија на грбот. Сè искомбинирала со бела капа, како и чанта и штикли во иста боја, а носела наочари.

Во Србија се одржуваат локални и градски избори на кои ќе се избира влада во 89 градови и општини. Право на глас имаат околу 4,2 милиони граѓани. Ќе се гласа на избирачките места за советници на градското собрание на Белград и во 14 други градови и 74 општини и урбани општини. На гласањето за советници на градското собрание на Белград учествуваат 14 листи, соопшти Градската изборна комисија. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот.
