Реклама
Вирално

Е ова луѓе мораме да го решиме – додека во Албанија ги бројат жртвите, во Македонија има и такви кои се радуваат на туѓата несреќа

Реклама

Вчера беше тажен ден за граѓаните на Албанија.

Фото: АП

Неколку разорни земјотреси во период од три часа ја погодија земјата. а според најновите информации, минимум 20 лица го изгубиле животот и неколку стотици се повредени. Но уште со првите вести за тоа што се случува кај нашиот сосед, на социјалните мрежи покрај коментарите за поддршка и изразување жалост можевме да прочитаме и бројни коментари полни со омраза и радување над несреќната судбина на нашите ПРВИ комшии. И ова навистина заслужува осуда. Од сите нас, и за таквото однесување мора да има санкции…

Првиот разорен земјотрес се случи нешто ред 4 часот наутро и беше со јачина од 6.4 степени според Рихтер, а вториот беше околу 7. 10 и имаше јачина од 5.4 степени. Набргу по земјотресот се појавија и првите фотографи и видеа од местата кои најмногу беа погодени од потресите, но и информации дека има жртви и дека тој број се зголемува.

Маркетинг

Па така според последните информации, најмалку 20 лица загинаа во овој земјотрес, од кои едно девојче на 10 години и тинејџерка на 18 години, додека спасувачките екипи се уште се обидуваат да дојдат до сите што се нашле под урнатините поради земјотресот.

Но со првите информации за овој страшен настан почнаа да се шират и првите пораки на говор на омраза на социјалните мрежи. Па така додека едни сочувствуваа, дежурните хејтери од Македонија, но и од другите соседни држави, почнаа да шират недолични пораки.

Маркетинг

Ние секако нема да пренесеме ниту една од нив, иако не радува фактот што под секој ваков коментар многу совесни граѓани се јавуваа во коментари и го критикуваа истиот, и тоа од сите националности. Имено, не само Албанци укажуваа на ваквото ширење на говор на омраза, туку и совесни граѓани од сите други националности споделуваа и ги критикуваа хејтерите кои во еден ваков тежок момент нашле да се радуваат на туѓата несреќа. И тоа можеби прв пат наместо да се посее семето на раздорот, на социјалните мрежи можевме да видиме како се шири сплотеност како никогаш досега.

Имено, коментари од типот „Дали тие би не жалеле нас“, или „ги снајде Божјата казна“ се само некои од коментарите кои речиси секогаш се појавуваат кога некоја земја ќе ја погоди несреќа, а некои ја сметаат за непријателска (сетете се само на пожарите во Грција).

Покрај овие коментари, имаше и такви кои целиот овој трагичен настан се обидоа да го сведат на политичко препукување и меѓусебно обвинување, а токму еден таков можевме да прочитаме и кај Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит, кој се осврна на тоа дека некои и од трагедиите сакат да направат политички поени.

Неговиот коментар и реакција ќе ви ја проследиме во целост, но не затоа што се согласуваме со него, туку чисто како пример дека во нашето општество толку сме поделени по милион основи, што и еден ваков настан кој треба да не сплоти и обедини за да помогнеме и да го извлечеме најдоброто од нас, всушност го покажува она најгнилото.

И тоа важи за сите без разлика дали и од која политичка партија или националност сме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button