Е ова е џентлмен – Горан Алачки во прегратки на својата сакана, фотографијата покажува колку е силна неговата љубов!

Најпознатиот македонски хармоникаш е вљубен до уши, а сега покажа и каков џентлмен е.
Поранешниот сопруг на Адријана Алачки, Горан Алачки ужива со саканата.
Горан и Адријана, заедно со пејачката Ирена Спасовска беа дел од триото кое жареше и палеше од 1987 до 1994 колку што постоеше.
Настапуваа скоро на сите тогаш актуелни фестквали и манифестации.

Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
Скоро три децении како повеќе не настапуваат зааедно, а постарата генерација се уште ги памети по нивните хитови.

Пејачката и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки и најпознатиот хармоникаш во земјава, Горан Алачки беа во брак 25 години.
Како круна на нивната некогашна љубов се нивните деца Грациела и Благоја.
После една деценија од нивната разделба тие веќе имаат свој живот и двајцата се подеднакво успешни во своите кариери.

Тој е интернационално познат, насекаде на планетата, нема континент каде тој не ја раширил македонската традиционална музика.
Долги години е во среќна и стабилна врска со Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, на емисијата Македониум, а денес исто така и успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.

Тие двајца не ја кријат својата љубов и често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии, на кои може да се види дека еден со друг си се поддршка во се, а истовремено уживаат на разни патувања.
-Не се надевав дека ќе ми се случи љубов во животот, и таа ми дојде, не како изненадување, туку како една убава вистина. Се надополнуваме еден со друг, а понекогаш ги поврзуваме патувањата и работата. Така беше во Пакистан – Хунза, Швајцарија, Холандија, па така и сега, последното заедничко патување во Бразил. И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот.
Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажа своевремено Алачки.

Деновиве тој сподели романтична фотографија со Марина.
При прошетката во едно од селата во Македонија, Горан ја прегрна својата сакана и ја заштити со чадор од дождот.
„Прошетка по дивината”, напиша тој во описот.

ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки