Е ова го може само Гавазова – приреди уште една НЕЗАБОРАВНА ВЕЧЕР, гостите пеат и се веселат
Познатата фолк-пејачка во црно „од глава до пети“
Пејачката повторно направи атмосфера за паметење
Познатата фолк-пејачка за дочекот на Нова година настапи на плоштадот Македонија во центарот на Скопје кога заедно со своите колеги Влатко Миладиновски, Блага Петреска и Стојне направија одлична забава и ги воодушевија сите што беа дојдени заедно да прослават.
Гавазова за оваа пригода носеше црвен фустан во кој изгледаше како милион долари, а таква беше и по Нова година, кога повторно заблеска со полн сјај и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но овој па наместо црвено, носеше црн светкав фустан со длабок шлиц и суптилен отвор на половината.
Пејачката целото издание го заокружи со елегантна фризура за која се погрижи нејзиниот пријател и фризер Александар Тошев, а како познатата фолк-пејачка изгледаше во ова свое празнично „all-black“ издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа настапи во еден познат клуб во Струмица, а гостите цела вечер неуморно играа и пееја заедно со неа.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
И за овој настан се бараше влезница повеќе, а каква беше атмосферата може да видите на крајот од галеријата…