Познатата плус-сајз манекенка Ешли Греам го откри за јавноста полот на бебето што го носи и кога ќе се породи.
Таа беше гостинка во емисија кај Елен Деџенерис и откри дека следниот месец треба да се породи и да стане мајка.
Идната мама не ја криеше среќата и откри дека носи машко дете.
„Во прашање е момче. Ќе бидам мама на машко дете, изјави Ешли и додаде дека бебето треба да се роди во јануари.
Познатата манекенка истакна и дека докторите и кажале дека бебето може да се роди и порано, но можеби и нешто покасно.
На прашањето на познатата водителка Елен Деџенерис дали бебето би можело да се роди на нејзиниот роденден, односно на26 јануари, Ешли одговори дека бебето најверојатно ќе се роди нешто порано.
Инаку, убавата Ешли во август годинава прв пат објави дека очекува бебе со својот сопруг Џастин Ервин.
Тие се во брак веќе 9 години, а неодамна на Инстаграм објавија и заедничко видео со кое ја прославија својата љубов.