Ечеа зурли и тапани: Конечно скокна во тавче најпознатиот готвач во Македонија – погледнете како изгледаше убавата невеста
Се ожени еден од најпознатите готвачи во Македонија!
Со зурли и тапани шеф Марк кој на сите ни е познат од кулинарското шоу „Брза кујна“ викендов официјално стапи во брак со Василка, а следеше и прослава.
Свадбата беше организирана на Камник каде младоженците го кажаа судбоносното „ДА“.
Невестата во преубав фустан, вел и бидермаер од кали, а младошенецот во свечан костим едноставно блескаа.
Иако тие двајцата веќе подолго време жиеват заедно и имаат две деца, син и ќерка сепак решија да го официлизраат бракот.
Малта веселба ја зачинија зурли и тапани, а гостите, како и младоженците се расположија, па летаа илјадарки бакшиш.
Инаку Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел, а во Македонија дошол за да го исполни амантетот на неговата баба, која го замолила барем еднаш да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.
Марк и неговото семејство по големиот земјотрес во Скопје заминале во Брисел, но се вратил после 50 години и решил да започне нов живот.
Во шоуто „Брза кујна“ тој често знае да експериментира и да приготви секакви јадења, но прави и македонски специјалитети.
Неговиот син Мајкл ја наследил љубовта кон готвењето, па тргнал по стапките на Марк.
Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде каде што одам, на пазар, на улица, во ресторан“ …, раскажува Марк за Сител.