Естрадата во шок по трагичната вест за малата Данка – Шерифовиќ скршена од болка остана без зборови
Ваков тажен крај никој не очекуваше...

Целиот регион во шок по големата трагедија
Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март доби трагичен крај – утрово беа уапсени две лица осомничени дека со автомобилот го прегазиле девојчето, го ставиле во гепек и го фрлиле во депонија која била во непосредна близина.
По трагичната вест се огласија бројни познати личности од регионот, а меѓу нив Марија Шерифовиќ која очигледно ја погоди веста.
Имено, пејачката скршена од болка не можеше да напише ништо, туку стави само стикер со скршено срце и црна позадина.
Социјални мрежи
Покрај Марија се огласија и многу други познати личности, а по тажната вест некои дури и ги откажаа своите настапи.
Како што објавија медиумите, полицијата од Бор ги уапси работниците С.Ј. (50) и Д.Д. (50) од Јавното комунално претпријатие во овој град.
Социјални мрежи
Тие се осомничени дека со службеното возило го удриле девојчето, а потоа се договориле да го фрлат нејзиното тело.
Тие во 13.57 минути биле сопрени од страна на таткото на девојчето кој ги прашал дали ја виделе, на што одговориле негативно, а потоа отишле до депонијата која што се наоѓа во непосредна близина и го фрлиле безживотното тело на девојчето, пишува Курир.рс.
Потсетуваме, Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13.45 часот во Бањско поле во близина на Бор. Таа беше со својата мајка и братчето кога исчезна, а по пријавувањето во Србија за прв пат беше активиран системот Пронајди ме, попознат како „Амбер алерт“.