Реклама
Вирално

Епидемијата го достигна својот врв и опаѓа, коронавирусот ќе исчезне – шокантно тврдење на француски научник

Реклама

Познатиот француски доктор Дидие Раулт не верува дека епидемијата од коронавирус ќе има втор бран.

Епидемијата го имаше својот врв, опаѓа и тоа опаѓање продолжува, тврди Раулт.

Тој вели дека тоа се отслукува со крива во форма на ѕвоно и дека тоа се случува во најголем број случаи кога станува збор за вирусни епидемии. Францускиот професор истакнува дека повеќето од ваквите зарази одеднаш се појавуваат и исто  исчезнуваат, без да се знае поради што.

Маркетинг

– Приказната за повторниот скок е фантазија измислена врз основа на шпанскиот грип кој со ова нема никаква врска – рече директорот на Медитеранската инфективна клиника во Марсеј.

Тој се огради дека сепак би требало да биде внимател зошто тој не може да ги предвиди работите, но додаде дека датумот 11. мај што француската влада го предвиде за почеток на укинувањето на изолацијата не е чуден. Тој се надоврза на истражувањето на математичар од Сингапур кој пресмета дека кривата во сите земји опаѓа.

Маркетинг

– Во Франција врз основа на ова истражување ќе има 97 отсто случаи на 7. мај, а 99 отсто на 19 мај, истакна Раулт.

Тој нагласи дека пред излегувањето од општиот карантин треба да се изолираат само позитивните случаи, но и додаде дека пренесувањето на вирусот ќе биде послабо отколку досега.

Во Франција вкупно се забележани 128.442 позитивни случаи, што е за 1.607 повеќе во последните 24 часа. Но во болниците има 650 пациенти помалку, и моментално ги има  26.834.

Бројот на пациенти на реанимација опадна за 180 и сега изнесува 4.207. Инаку, во врвот на епидемијата ги имаше околу 7.200.

Досега се излечени 48.208 луѓе. За еден ден од коронавирусот животот го загубија 427 лица, вкупниот број на жртви во земјата изнесува 24.087.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button