Реклама
Вирално

Епидемиолозите не предупредуваат на нов симптом кој укажува на коронавирусот

Реклама

Бидејќи новиот вирус КОВИД-19 е во истата група вируси како и обичната настинка, тие имаат и слични симптоми.

Па така реакцијата на телото како што се покачена температура и грозница исто така се јавува и кај грипот КОВИД-19.

Маркетинг

Поради сличноста вирусот потешко се открива, па затоа еве неколку совети што треба да ги имате во предвид.

На почетокот КОВИД-19 е многу сличен со настинка, со кашлање и кивање.

Маркетинг

Настинка е ако немате температура – вели докторот Вилијам Хезлтин кој е стручњак за заразни болести.

Почетните симптоми во горните дишни патишта се слични на настинка. Но ако кашлањето почне да се движи низ градите, во подрачјето на долниот респираторен систем, тогаш луѓето треба да бидат загрижени. Тоа е знак дека би можело тоа да е од инфекцијата со вирусот корона.

„Доколку се чувствувате како да ви е во градите, а потоа и подлабоко во градите, тогаш е поприлично сериозно“, вели докторот и го додава следново:

„Тоа е моментот кога вашето тело почнува да реагира на тоа. Вашето тело претерано реагира на вирусот и создава оштетувања на градите, и тоа е моментот кога ситуацијата е најсериозна. Во моментот кога ќе премине од лесна настинка во воспаление на градите морате веднаш да посетете лекар“ предупредува овој познат доктор.

Но како што предупредува тој, луѓето најпрво треба да се јават кај докторот или во болницата, пред да одат на тестирање или лечење. Тоа ги намалува шансите заразеното лице да шири болеста, односно корона вирусот, на други луѓе при транспортот или во ординацијата кај докторот. Сепак, во сериозни случаи, повикајте брза помош, вели тој.

Кај повеќето луѓе, околу 80 %, симптомите ќе бидат благи, поблиски до настинката, а некои нема ни да ги забележат.

Но околу 15 % ќе добијат сериозно воспаление на градите, а некои од нив ќе бидат и во критична состојба.

„Некои луѓе можат и да го изгубат животот од тоа“, вели овој познат доктор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button