Епидемиолозите загрижени: Ако оваа есен и зима се вкрстат грипот и короната нѐ чека најцрно сценарио
Алармантното зголемување на бројот на заболени од коронавирус во балканските земји се оценува како многу сериозно, а она што посебно загрижуве е можноста коронавирусот да се вкрсти со сезонскиот грип.
Тоа, епидемиолозите го сметаат за најцрно сценарио ако во исто време наесен се вкрстат ковид-19 и сезонискиот грип, зошто Италија поради тоа настрада, но со почитување на мерките земјите можат да се спасат од тоа.
СЗО како земји со забрзан пренос на заразата ги посочи Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Казахстан, Киргистан, Косово, Македонија, Молдавија, Шведска и Украина.
Бројот на заразените во овие земји расте неколку дена по ред.
– Тоа е многу серизон зошто поголем е ризиокот за заразување на другите. Индексот навистина е мал, еден наспрема два, значи едно лице може да зараза двајца или зависи, ако тие луѓе се густо акумулирани, ако е мал просторот, а во него седат многу луѓе, тоа може да биде многу опасно. Затоа се важни затворените простори, затоа повторно потсетуваме да се носат маски во затворен простор, исто така и во превозот и секаде каде што има голема гужва. Затоа Белград е толку важен. Прво затоа што е голем град, голема концентрација на луѓе, многу поголем е ризикот отколку во малите места и на село, каде нема толку луше, рече српскиот епидемиолог професор доктор Бранислав Тиодосовиќ.
Тој одговори дека сериозна е ситуацијата со порастот на бројот на заразени и можно е повторно државата да воведе рестриктивни мерки.
-Разговаравме на Кризниот штаб за враќање на полицискиот час. Но сметаме дека овој момент тоа не е неопходно. Би било потребно ако имавем пораст на новозаболени каков што имаше во првата половина на април и тогаш оправдано е да кажеме: Мора многу сериозно да се однесуваме, па ќе воведеме и полициски час за да се спречи ширењето.
Она што засега е мистерија е колку трае имунитетот и дали е стекнат колективен имунитет.
– Моделот за природно создавање на имунитет не може да даде добар резултат. Кај младите луѓе кои немаат симптоми, а ги носат вирусот, се одвива тој процес на природно стекнување. Но главен проблем е што никој во светот не знае колку засега колку трае тој имунитет. Два месеци или година дена? Не е сеедно – рече Тиодоровиќ.
Докторот објаснува дека позитивните лица кои имаат сериозни симптоми сепак се карактеризираат со тоа што го загубиле сетилото за мирис и вкус.
– Лицата кои се позитивни, а немаат мачнини, како што се кивање, кашлање, отежнато дишење, болки во мускулите, коските, може да имаат само губење на чувството за мирис и вкус. Тоа може да трае кратко, три-четири дена, па да се стабилизира, а може да потрае, ако се развие заболувањето и поголго. Ако почне температурата, тоа е еден од првите знаци дека лицето е позитивно. Инаку, клиничката слика може да биде ногу различна, некои може да имаат и диареја, болки во стомакот, нагон за повраќање, а да нема гушење, кашлање, и обратно, кај некои може да бидат сосема други знаци, некој може да има само температура и во некој момент да му се чини дека тешко дише, објасни тој.
Она што експертите ги мачи, е прашањето што ќе се случи кога коронавирусот ќе се вкрсти со сезонскиот грип.
– Тоа е многу црно сценарио. Тоа можеше да се случи на почетокот на оваа година и тоа Италијанците го доживeаја. Тоа беше страотен удар и огромен број на заболени зошто короната се подвлече додека се уште траеше грипот. Прашање е дали без епидемиолошки податоци можат да се утврди дали е корона или грип зошто симптомите на болеста се многу слични. Тоа најверојатно беше причината број 1 зошто задоцнија со реакцијата. А ние тој грип успеавме да го пресечеме, се сеќавате на продолжувањето на училишниот распуст, тоа беше многу добар потег. Децата се важни, затоа што како кај короната, заболуваат, но не тешко. Тие се важни како носители на вирус. Меѓутоа, да прецизиран, каква ситуација ќе имаме на есен, зависи од тоа што коронавирусот ќе направи на јужната хемисфера. Вирусот е во Бразил, податоците се страшни, загрижувачки, потоа во Аргентина, Австралија… Ако вирусот помине низ таа хумана популација и создаде некаков имунитет, му се намалува потенцијалот на заразност, тогаш може да очекуваме да се појави во доцна есес, во ноември, можеби дури и во декември, и да има далеку поблаг облик отколку овој и по тоа да потсетува на сезонски грип: прво се ширеше како пандемиски, го имавме во 2009-2010. Таквата појава, кон крајот на 2010 година пак се појави как Х1Н1, кој беше сезонски, далеку побалг, не толку опасен, освен секако за хроничните болни, за постарите од 60, 65 години, со опаднат имунитет. Тука ги сметам и родилките и бремените жени, луѓето со малигни заболувања, тие можат да бидат загрозени ако не се вакцинирани, рече тој.
Додаде и дека се надева дека ќе има вакцина од втората половина на идната година.
– Можно е да се појави заедно со грипот, но во сосема друга форма, не во оваа страшна, опасна, туку во многи поблага, заклучува доктор Тиодоровиќ.
Ковид-19 VS грип
Како болеста Ковд-19 напредува, симптомите почнуваат да изгледаат како грип, кој се уште е присутен во овој период од годината. Заразените ќе почнат да имаат грозница, замор и болка во телото. Исто како и кај грипот.
И коронавирусот и грипот можат да донесат до воспаление на градите, во тешки случаи. Единствениот начин да се утврди разликата е со тест.
Кога одите кај доктор, прво веројатно можат да направат тест на грип за да утврдат дали имате или не. Ако имате грип тогаш тоа не е тоа, вели докторот Роберт Нортон, професор на Универзитетот Аубурн.
Кога почнуваат симптомите?
Повеќето луѓе ќе развијат симптоми од два до 14 дена по заразата од корона вирусот.
Дали луѓето можат да го добијат без да покажуваат симптоми?
Апсолутно да, вели Хазелтин. Некои луѓе се носители на вирусот и го имаат без да развијат симптоми.
И загрижувачки е тоа што луѓето кои се асимптоматски се уште можат да го шират вирусот па затоа сега социјалното дистанцирање е од суштинско значење во забавувањето на ширењето на болеста.
Кој е најмногу ризичен?
Како што вели овој доктор, сите имаат подеднаква шанса да се заразат од вирусот. Но одредена демографија е во многу поголема опасност да развие потежок облик на инфекцијата од новиот корона вирус.
„Ризична група на луѓе се постарите, бидејќи сите што се постари имаат послаб имунолошки систем. И секој што има сериозна астма или е тежок пушач. Секој на кој му е ослабен имунитетот бидејќи е на лечење од канцер, или прима нови лекови за артритис. Било кој од овие луѓе изложен е на поголем ризик. Но корона вирусот исто така може да биде кобен и за помладите луѓе ако добијат тешка инфекција на градите. Затоа младите луѓе не треба да мислат дека се имуни на оваа нова болест“, заклучува овој познат доктор.
Инкубација, симптоми и превенција
Инфекцијата од новиот корона вирус има период на инкубација од 1 до 14 дена. Но студија објавена во Журналот на американското медицинско здружение, откри нов доказ дека вирусот може да се шири асимптоматично. Според нивните преценки, секое заразено лице за време на епидемија во просек инфицира од едно до три лица.
Инфекцијата од корона вирус има широк спектар на симптоми, вклучувајќи и грозница, кашлање, кратко и отежнато дишење.
Благи случаи укажуваат симптоми како кај настинка, додека потешките можат да доведат до воспаление на градите, тешки респираторни заболувања, престанување на работата на бубрезите, што може да биде кобно за заболените.
Најдобра превенција е често миење на рацете и дезинфекција на површините, носење на маски и ракавици во јавен превоз и во затворен простор во кој има повеќе лица.