Енес не може да зборува, синот му почина во рацете – ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ за смртта на младиот Армин
Еве од што почина 29-годишниот син на познатиот пејач
Како што пренесуваат медиумите, на Армин му се вратила автоимуната болест од која боледувал и порано.
Тој бил со татко му до последниот здив и починал на неговите раце, пишуваат српскиот портал „Ало“.
Информацијата дека 29-годишниот син на познатиот босански пејач Енес Беговиќ ненадејно починал го потресе регионот.
Како што пренесуваат медиумите, Армин ја изгуби битката со тешката болест и почина во Клиничкиот центар во Сараево.
Неговиот живот згасна на 29 годишна возраст, а наскоро требаше да се оствари во улога на татко, а Енес да добие внук.
Како што објави порталот „Република.рс“, од информациите добиени од менаџерот на пејачот, Енес бил во тешка состојба.
Пејачот до последен момент бил со својот син, не се одвојувал од него и неговиот кревет во болницата.
„Сите сме шокирани, верувајте ми. Енес не е во состојба да зборува, не можам да ви ја опишат болката. Сите умревме со Армин“, истакна менаџерот на пејачот за споменатиот српски портал.
Гоца Божиновска скршена од болка
Пејачката Гоца Божиновска е многу блиска со Енес и неговото семејство.
„Јас сум во шок, не можам да верувам, чекам да му се јавам, размислувам во сета таа мака дали да се јавам или да напишам порака. Во таков пекол човек не може ни да се јави“, истакна Гоца за „Република“, па истакна и дека синот на пејачот го познавала лично.
„Момчето беше спортист, убаво момче. Го познавам лично, додека се уште беше дете, не знам што му се случило“.
„Знам дека како млад беше болен, па Енес се грижеше, тоа беше одамна, беше пресреќен кога престана“, откри пејачката за споменатиот медиум.
Приватна архива
Приватна архива
Приватна архива
Приватна архива