Новости

Енес доби внук, три недели по смртта на својот син – по ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА принова во нивниот дом

Се породи сопругата на починатит син на познатиот босански пејач Енес Беговиќ

Advertisement

Мајката и бебето се чувствуваат одлично

Како што објавија медиумите, снаата на пејачот Енес Беговиќ, сопругата на неговиот починат син Армин, се породи и роди здраво машко дете.

Advertisement

Алмина Гаџо Беговиќ се породи три недели по смртта на нејзиниот сопруг, Армин Беговиќ, кој почина од тешка болест.

Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а најверојатно семејството на момчето ќе му го дадат името на неговиот почнат татко.

Advertisement

Како што вели извор близок до семејството на Енес Беговиќ, ова било желба на Алмина, пишува српскиот портал Курир.

Потсетуваме, Армин Беговиќ почина на 13 јуни, на 29 годишна возраст и за жал не дочека да го види својот син.

Како што објавија тогаш медиумите, Армин уште од мал, заради автоимуната болест од која боледувал, морал да прима инјекции.

Тој наводно не смеел да ја прескокнува терапијата, бидејќи докторите го предупредиле дека една обична настинка би можела да биде кобна за неговото здравје. Но младиот Армин, бидејќи многу сакал да има дете, решил да ризикува, па одредено време престанал со терапијата и неговата сопруга навистина забременила.

Негова најголема желба била да стане татко, но заради ослабениот имунитет го нападнала бактерија и болеста беше посилна од него.

„Ме боли душата кога ќе помислам дека, како што се вели, животот го даде за да стане татко, а не стигна да го држи бебето во рацете, на што најмногу се радуваше“, изјави тогаш близок пријател на семејството Беговиќ за „Република.рс“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button