Реклама
Новости

Ена беше една од најубавите и најпознатите актерки во поранешна Југославија -загина пред точно 23 години

На денешниот ден, пред 23 години, хрватската актерка Ена Беговиќ го изгуби животот

Реклама

Ена Беговиќ (1960-2000) беше една од најголемите и најубавите актерки на просторите на поранешна Југославија.

Во автомобилот во кој Ена го изгуби животот на 15 август 2000 година, покрај неа беа и Јосип Редаљак, Тереза Беговиќ, Лео Радаљак и ќерката на Ена, Лана, која тогаш имаше само 40 дена.

Откако автомобилот се срушил во провалијата од патот, на Ена и немаше спас, а во болницата беше констатирана нејзина смрт.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Во само 55 дена Ена се омажи, роди, наполни 40 години и трагично загина, а во една пригода нејзината сестра Миа Беговиќ ќе напише:

Маркетинг

„Беше најсреќна со Лина. Прекрасна личност… Најголема од големите, како актерка, како сестра, незаменлива…Засекогаш“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Ена е родена 1960 година и имаше многу близок однос со нејзината мајка Терезија за ја велеше дека и’ е најдобра пријателка.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Иако имаше само 40 години кога загина, таа глумеше во 98 улоги во театар и на филмското платно.

Ена има глумено многу познати женски ликови, а првата позначајна улога ја имаше во 1981 година во филмот „Падот на Италија“.

Нејзината најголема улога беше онаа на бароницата Кастели во Глембаеви за која во 1988 година доби Златна арена за епизодна женска улога, но ја одби бидејќи таа оваа улога ја сметаше за главна.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Многумина и денес ја сметаат Ена за една од најубавите театарски и филмски актерки не само во Хрватска, туку и на просторите на цела поранешна Југославија.

Покрај успешната кариера како актерка, нејзиниот живот беше обележан и со бурни романси, а најпозната врска и беше со бизнисменот Јосип Дикан Редаљак со кого и го доби своето единствено дете – ќеркичката Лана која денес неверојатно личи на неа.

Ќерката на Ена, Лана (Фото: Фејсбук)

Познатиот хрватски бизнисмен својата сопруга Беба Лончар и нивниот син Лео ги напушти бидејќи се вљуби во фаталната Ена.

Тие под олтарот ќе застанат во јуни 2000 година, а само еден месец подоцна се роди нивната ќеркичка Лана.

Ќерката на Ена, Лана (Фото: Фејсбук)

Нејзиниот живот тогаш беше идиличен, успеа да заснова семејство и беше на врвот на својата слава.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но судбината не дозволи нејзината среќа да потрае, а за големата трагедија пто следуваше како да имаше предзнаци.

Имено, при крај на 90-тите Ена беше осудена на условна казна бидејќи предизвика сообраќајна несреќа во која загина моторџија. Покрај него, тешко настрада и тогаш 23 годишниот актер Ѓорѓе Кукуљица, кој беше во кома три недели, по што мораше повторно да учи да зборува и чекори. По оваа страшна несреќа за Ена повеќе ништо не беше исто.

Таа по оваа кобна ноќ се плашеше од сообраќајните несреќи и автомобилите, а неколку години подоцна овој страв ќе ја чини живот.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Имено, на 15 август 2000 година Ена настрада така што џипот на нејзиниот сопруг слета во провалија.

Покрај Ена во автомобилот во тој момент се наоѓаа и Јосип Редаљак Дикан, ќеркичката на Ена, Лана и мајката Тереза, а со возилото управуваше синот на Дикан, Лео. Сите имаа само повреди, освен Ена која загина на лице место.

Лео наводно закачил на камен и го скршил светлото за магла на тесниот пат на островот Брач. Заради тоа неговиот тако побарал тој да ја преземе контролата над возилото, па и двајцата излегле од автомобилот, кога тој неконтролирано тргнал да лизга наназад.

Џипот заврши во провалија, а од несреќата повредени беа Тереза и Лана, додека Ена испадна од автомобилот и се здоби со фрактури на черепот и од повредите набргу почна.

Актерката се обидела да се спаси така што ја отворила вратата за да скокне од автомобилот но токму заради тој потег го изгуби животот.

По трагедијата следуваше судење што траеше до 2007 година – синот на сопругот на Ена, Лео, беше ослободен од вина, а за несреќата беше виновен неисправниот менувач на возилото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button