Емра Куртишова ја крсти својата ќеркичка Лена во црква – фотографиите од бебето сите ги воодушевија
Познатите актери никогаш не биле посреќни
Познатата актерка ja крсти својата наследничка
Емра Куртишова (38) која македонската јавност ја засака по нејзината улога на Исаура во серијата „Преспав“, објави преубава вест.
Имено, таа објави фотографија на која е со својот сакан сопруг и нивната ќерка Лена и откри дека и направиле крштевка.
Гордата мама блеска на фотографијата покрај своите најмили, а ги воодушеви сите и со тортата што ја направиле.
Инстаграм/ Емра Куртишова
Среќно крштевање Лени наша, напиша Емра во описот на фотографиите и веднаш предизвика лавина од реакции кај фановите.
Инстаграм/ Емра Куртишова
Таа позираше со широка насмевка, a фотографии од крштевката објави и сопругот Петар Стојанов со кого се колеги во Театарот за деца и младинци.
Инстаграм/ Емра Куртишова
Потсетуваме, Емра и Петар беа три години во врска пред да стапат во брак, а актерот ја запроси на нејзиниот роденден.
Инстаграм/ Емра Куртишова
Тие во јуни минатата година направија свадба, а Емра беше бремена, па по неколку месеци се роди и Лена.