Емотивно во домот на нашата позната водителка – ЌЕРКИЧКАТА тргна на училиште, мама е пресреќна
Нејзината наследничка ќе го памти овој ден цел живот
Малата Лана Марија тргна на училиште
Првиот школски ден е нешто што засекогаш останува во споменот како на децата, така и на нивните родители.
Така беше и оваа година, кога на 1 септември родителите со многу емоции ги испратија своите најмили во школските клупи.
Меѓу нив секако и бројни наши познати личности ги однесоа своите првачиња до училиште, а меѓу нив и водителката Милена Антовска.
Фото: Инстаграм
Имено, нејзината постара ќеркичка Лана Марија годинава е прваче, па гордата мама се пофали со фотки на Инстаграм.
Фото: Инстаграм
Во прво одделение оваа година тргна и синот на нашата позната манекенка Катарина Ивановска, Вања, но и внукот на Биба Додева, која објави заедничка фотографија од ќерката Емануела и внукот Хумберто Александар.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Прваче во својот дом годинава име и пејачот Димитар Андоновски кој исто така објави семејна фотографија и ги воодушеви сите:
Фото: Инстаграм
„Михаил прваче❤️Среќно и со успеси синко“ напиша тој на Фејсбук.
Фото: Инстаграм
Прваче е и ќеркичката на познатата пејачка Бојана Скендеровска која заедно со сопругот малата Искра ја испратија до школскиот двор.
Фото: Инстаграм
Инаку, фотографии од првиот школски ден на нивните ќерки објавија и пејачките Сузана Гавазова и Тамара Тодевска.