Емотивна порака на Спасен Сиљаноски што треба да ја прочита секој МАКЕДОНЕЦ – овие зборови печат, но само ако имате душа!
И ова не му е прв пат…
Пејачот Спасен Сиљаноски важи за еден од нашите најпознати фолк пејачи од помладата генерација.
Сиљаноски е еден од омилените фолк-пејачи како во Македонија, така и кај нашинците во дијаспората, а познат е и по неговата љубов кон татковината.
Имено, тој на социјалните мрежи не ретко споделува и пораки со кои ги искажува своите политички мислења, а така беше и овој пат кога преку порака што ја објави на Фејсбук ги покани своите колеги да бидат дел од протестите и заедно со граѓаните кои се против бесмислениот француски предлог.
Неговиот статус предизвика бура од реакции, но имаше и такви кои не се согласуваа со него на кои што тој им се обрати.
Што напиша тој и зошто овие неколку реченици предизвикаа реакции на социјалните мрежи, прочитајте во продолжение:
„Ги повикувам сите мои колеги, пејачи, музичари, автори, продуценти, диџеи…. Сите оние кои имаат било каква врска со музика. Одвоете бареме еден ден во овие кризни и понижувачки моменти за нашата татковина, да излезиме заедно на мирни протести и да кажеме НЕ на ништожниот француски предлог. Кафе можеме да пиеме секој ден, но Македонија можеме да ја одбраниме единствено сега….. Патриотизмот и љубовта кон нашата татковина треба да го покажеме со дела, а не само со песна. Сега е моментот да им покажеме на нашите деца дека ние сме Македонци и засекогаш така и ќе останеме. Зарем ќе се плашиме и ќе се срамиме да ја браниме нашата татковина, зарем не смееме и ние еднаш да сме горди на нашите дела и на нашата мајка Македонија. Знам дека многу ке не плукаат, ке не навредуваат, но бидете истрајни времето ќе покаже кој бил на вистинската страна. Направете вашите деца да бидат горди на вас и на вашата генерација. Бидеќи сега е моментот дали ќе не има или ќе не нема… Јас мислам дека не имало и ќе не ИМА“ напиша Спасен на својот Фејсбук профил, а потоа го додаде и следново:
„Пишуваш статус во кој ги повикуваш сите оние кои се чувствуваат како Македонци да поддржат протест на кој ќе кажат НЕ на францускиот предлог за да си го сочуваат достоинството, идентитетот, јазикот….. И оние изроди од македонци (предавници) те распнуваат на крст“.
Инаку, Спасен многу пати досега го има искажано својот став за политичките случувања кај нас, но и за многу други работи. Интересен беше и неговиот коментар за помошта што ја добија музичарите во времето на корона, кој исто така ви го пренесуваме во целост:
„Јас ќе ги земам тие 14.500 денари и не е важно каде ќе потрошам. Можеби ќе дадам на двете деца и сопругата. Односно дали ќе ги потрошам на семејство за леб и млеко или ќе ги испијам во кафеана или ќе ги донирам на некој што воопшто нема, тоа веќе е моја работа.
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Но, јас ќе ги земам зашто во минатото некои милионери и функционери, како што се Мира – Дизел, Силвана Бонева и ред други, земаа стотина илјади евра за патни трошоци, односно земаа околу 150.000, а сите знаеме дека нивните примања се огромни. Како што се огромни и нивните бенефиции, кои ги имаат благодарение на функцијата. Епа ако можат Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“ – напиша тогаш Сиљаноски.
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото:Фејсбук/ Спасен Сиљаноски