Пејачот и композиторот Александар Митевски ја покажа својата наследничка која оваа година е матурантка.
Тој на социјалните мрежи сподели фотографија на која е неговата ќерка Ања, а под фотографијата напиша емотивна порака со која ги воодушеви сите.
„Времето лета, дојде матура…животот да ти даде крилја, срце мое“ напиша гордиот татко на социјалните мрежи.
Покрај Ања, Александар има и 13 годишна ќерка, Мања
Инаку 41 годишниот Александар за прв пат се појави на нашата сцена како тинејџер во 1993 година со својот рап бенд „Океј Бенд”. Неколку години подоцна ќе ја започне својата соло кариера, а веќе во 1996 година се појавува на фестивалите и како автор кога на штипскиот Макфест неговата песна „Виолина и гитара“ во изведба на Дуле и Коки ја освои првата награда од публиката, а тој е автор на текстот.
Неговиот последен студиски албум го издаде во 2006 година, „Кирилица“, додека неговата последна песна е „За век и векови” од летото 2009 година на која му гостуваат многу градски ликови и пријатели.
Пред неколку месеци работеше со песните на новиот албум на Трифун Костовски, а заедно ја снимија и песната „Срце тетовирано“.