Емотивна објава со која Благица Павловска ги расплака фановите – овој човек никогаш нема да го заборави!
Тој засекогаш ќе остане во нејзиното срце

Многу негови колеги се уште не можат да поверуваат дека го нема
Нашата позната пејачка Благица Павловска на својот профил на Фејсбук во последно време најчесто објавува фотографии и видеа од изгубени и напуштени домашни миленици, на кои им е потребна помош.
Но една од нејзините последни фотографии се уште никого не остава рамнодушен, посебно заради пораката што Благица ја остави.
Во прашање е фотографија на која е таа со уште неколку свои колеги, а меѓу нив е и легендарниот Ферус Мустафов кој неодамна почина.
Фејсбук/ Благица Павловска
„За последен пат се видовме со Маестро Ферус Мустафов во Гама. Соња не покани да се видиме и дружиме на снимањето на нејзиниот спот. Твојот лик и твојата ѕвезда никогаш нема да згасне“ напиша Благица под фотографијата што ја сподели пред неколу месеци. Покрај ова, трогната од смртта на својот пријател, таа го додаде и следново:
„Ќе те паметиме секогаш со твоите две куферчиња, спремен за свирење. Твојот стил на свирење ќе се слуша додека постои земјава.
Со посебна почит и респект од сите колеги и колешки. И од сите твои обожаватели, ќе бидеш секогаш со нас во нашите срца. Почивај во мир, Бог нека те насели во царството небесно. И нека ги прости сите волни и неволни прегрешенија твои. Сочувство за целата фамилија, си замина на оној свет еден голем човек и голем музичар, свирач“.
Ферус Мустафов, вечна ти слава маестро Ферусе, напиша тогаш познатата пејачка скршена од болка поради ненадејната смрт на Ферус.
Фејсбук/ Благица Павловска
Фотографијата покажува каков човек беше Ферус и колку одличен однос имаше со сите своите колеги, со кои секогаш имаше разбирање.
Фото: Фејсбук/ Ферус Мустафов
Потсетуваме, познатиот кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов почина на 22 мај 2023 година во Скопје, на 72 годишна возраст.
Мустафов е роден во Штип во муслиманско ромско семејство на музичари и е син на легендарниот Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.
Фото: Фејсбук/ Ферус Мустафов
По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време.
Фото: Фејсбук/ Ферус Мустафов
Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.