Емотивна објава на Гордана што ја кине душата – нашата поранешна министерка никогаш посреќна (фото)
Тој е нејзиниот суперхерој!
Поранешната министерка ужива со својот наследник
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, ужива со својот наследник Петар.
Таа деновиве сподели неколку фотографии со кои покажа како малиот беше маскиран за 1 април.
Фотографиите веднаш ги воодушевија нејзините следбеници, посебно оние на кои Јанкуловска го гушка својот суперхерој.
Фото: Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Покрај овие фотографии Гордана деновиве објави и една направена во нивниот дом, а на која нејзиниот наследник е со нивниот папагал.
Фото: Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Потсетуваме, Гордана Јанкуловска неодамна во ексклузивно интервју за Гламур магазин откри какво дете е нејзиниот син Петар кој наскоро ќе наполни 6 години. Како што самата изјави тогаш, нејзиниот син е темпераментно и љубопитно дете кое многу сака да си игра , да истражува и да открива нови работи.
Фото: Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Ја сака природата, го знае целиот процес на производство на храна ‘од нива до трпеза’ и уште од најмала возраст расте со домашни миленици и премногу ги сака животните“, изјави тогаш Гордана за својот наследник.
Таа тогаш ни откри и како тој го добил своето име истакнувајќи дека му го избрале уште пред да се роди.
Фото: Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Името Петар го одбравме уште пред да се роди затоа што е интернационално христијанско име со силна симболика“.
Фото: Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Петар не само што е име на еден од 12 Апостоли, туку неговото значење се поврзува со цврстина, одлучност и непоколебливост“.
Фото: Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Подоцна се покажа дека во однос на неговиот карактер името одлично му одговара бидејќи и на најмала возраст овие особини почнаа да се препознаваат во неговиот карактер“ ни изјави тогаш поранешната министерка за внатрешни работи на Македонија
Целото интервју со Гордана прочитајте го тука…