Реклама
Вирално

Емотивна исповед на поранешниот пожарникар од Штип што секој МАКЕДОНЕЦ треба да ја прочита и да извлече поука

Реклама

Интересна објава на штипјанецот на кого му се поклонува цела Македонија и кој носи насмевки кај најсиромашните…

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Кога зборуваме за хуманост и хуманите луѓе кои се родиле на оваа наша македонска почва тогаш едно од имињата и синоним за добрина е штипјанецот Александар Георгиески, младото момче кое работеше како пожарникар и кој со своето широко срце досега помогнал на многу луѓе и семејства. Тој на своите сограѓани секогаш им помагал и никогаш за својата добрина и хумани дела не очекувал ништо за возврат, ниту пак тоа го правел заради медиумска популарност – тој отсекогаш и секогаш ќе го прави само затоа што бил и ќе остане она што денес навистина ретко може да се сретне, а тоа е – човек. Но овој пат неговиот статус што го објави на Фејсбук ни ја враќа довербата во луѓето и е совршен пример за тоа дека на човечката добрина со добро се враќа, како што вели и самиот Александар во неговата последна објава.

Целиот негов статус прочитајте го во продолжение:

Маркетинг

„Многу пријатели често ме питаат Ацо шо фајде имаш од таа хуманитарна организација батали на народ никако не можеш да погодеш посвети се на својот живот глеј си фамилијата жени се створи си фамилија требало да ми биде јасно дека фала никој немало да ми каже дека се било залудно што правам па ајде на кратко да споделам една денешна случка која ми се дешава веќе многу често и во мојот роден град и надвор од него каде луѓето ме препознаваат што за мене е голема чест и искрено многу ми значи да продолжам понтој пат по кој сум тргнал. На бензинска на Макпетрол денес колата ми се расипува изгубен случај искрено не знаев и што да правам у тој момент надвор дожд истура звони ваму звони таму нема кој да ми помогне бар со совет и случајно наидува до мене едно момче кое за моја среќа имало сервис за коли avto servis DILT улева у колата погледнува ја на кратко и ми вика Ацка да ја докараме до сервисо ќе ја ставеме на компјутер одма ќе знаеме што и е , одам кај него укажува ми човеко дека е сензор на радалица и ми вика ако можеш да го најдеш набавеш ќе ти ја оправам колата по брза постапка .

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Оставам ја колата во сервисот одам во Zastava Kompani фирма за авто делови која е на мој клубски другар Дарко Герасимов му давам сообраќајна му кажувам кој дел ми е потребен и по сообраќајна момчето одма ми го обезбедува тој сензор за радалица , го питам колку Даре кошта ова и вадам да си платам ми вика терај Ацка не треба да плаќаш ништо од мене ти е делот оди оправај се.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Одам го носам делот кај мајсторот и си одам дома мислејќи кој знае кога ќе си ја земам колата , за 40 минути ми врти на телефон мајсторот ( Дејан Глигоров ) Ацка доваѓај да си земеш колата готова е средена е , стигам таму си ја зимам и го питам мајсторот колку треба да си платам за сработеното а тој ми вели идентично како и ( Дарко Герасимов ) Ацка терај не треба ништо да плаќаш со здравје да си ја возиш .

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Еве ви го одговорот кое е фајдето што го имам од хуманитарната работа секаде ме препознаваат и секаде ме почитуваат како јас им помагам на многу луѓе така и мене ми помагаат многу луѓе доброто со добро се враќа секогаш имајте го тоа на ум !

Подај Рака Спаси Живот, Александар Горгиевски.

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески
Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески
Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Фото: Фејсбук/ Александар Георгиески

Па, големо БРАВО за хуманоста на овој човек.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button